Едвај полнолетна неготинка згазила пешак и тешко го повредила

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Едвај полнолетна неготинка згазила пешак и тешко го повредила

Вчера некаде околу 19: 00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, Н.Ј.(18) од Неготино, управувајќи
патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, удрила во пешакот Ф.Р.(62) од Неготино.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата