Фудбалерите на Ливерпул одбиле да бидат сместени во луксузен хотел во Доха заради начинот на кој тој бил изграден

4.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалерите на Ливерпул одбиле да бидат сместени во луксузен хотел во Доха заради начинот на кој тој бил изграден

Фудбалскиот клуб Ливерпул изненади многумина со одлуката да одбие сместување во хотелот во Доха кој им беше предложен од домаќините на Светското клупско првенство.

„Црвените“ требаше да престојуваат во еден хотел во Доха со пет ѕвездички, но од клубот одбија, а причината е пишувањето на британските медиуми дека хотелот е изграден спротивно на човековите права.

Наводно, таа зграда ја изградиле имигранти кои работеле во смени од по 12 часа и тоа на температури и од 45 степени, а заработувале само по 8 фунти на ден.

Ливерпул ќе има напорен декември, освен мечевите од Премиерлигата и куповите, ќе треба и да ја претставува Европа на светското клупско во Катар. Полуфиналето им е закажано за 18 декември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата