Мицкоски: Верушевски рече дека добивале во СДСМ определени материјали, а Заев рече дека ги нашол во двор (ВИДЕО)

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Верушевски рече дека добивале во СДСМ определени материјали, а Заев рече дека ги нашол во двор (ВИДЕО)

Вечерва гостин во емисијата „24 Отворено“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека заложбата на ВМРО-ДПМНЕ е безусловно почитување на законите и Уставот.

- Охрабрување надлежните органи во државата, органите на прогон, органите во правосудството да расчисти со криминалот. Ама не само да расчисти со криминалот од оние луѓе во кои што постои сомневања дека сториле криминал во период од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015 година.

- Ние велевме порано дека нелегално стекнатите материјали не треба да се користат како докази во минатото, се повикувавме на конвенции, се повикувавме на пракси итн. Знаете дека кој што е доставен првичниот не се нелегално стекнатите материјали докази. Дали некој го истражил зошто тоа е така? Дали е можеби некој политички договор помеѓу некои други политички елити, а не е со ВМРО-ДПМНЕ, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сега во овој документ тие веќе не се докази, но не знае зошто тоа е така токму сега овој период. Претпоставува дека на тоа треба да одговори претседателот на Владата.

- Инаку кога зборуваме за принципи ние тогаш и сега велиме нелегално стекнати материјали не можат да бидат користени како докази. Како потврда на ова и она сведочење на г. Верушевски кој што вели дека тој како одговорен за безбедноста во СДСМ добивал определени материјали и истите ги доставувал најпрво до тогашниот претседател г. Црвенковски, а потоа и до г. Зоран Заев. А, се сеќавате на изјавата на Зоран Заев кој што кажа дека овие материјали ги нашол фрлени во двор кај него пред куќа, кој лаже? Кој не ја говори вистината, запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека целокупната оваа конфузија, целокупниот овој хаос, несериозност која што денес е за жал секојдневие во Македонија е поради оваа влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата