(Видео) Макрадули: Обезбедивме средства за еколошки ефикасно и штедливо греење на домаќинствата

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Макрадули: Обезбедивме средства за еколошки ефикасно и штедливо греење на домаќинствата

Владата донесе одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас.
Како што истакна заменикот министер за животна средина, Јани Макрадули, со одлуката се дозаокружува имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра. Тој презентира неколку одлуки опфатени со овој План.

„За замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатија апликациите на СИТЕ 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не. Во рамки на општините, ќе се распределат средства и објекти.
Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасност. Во 8 општини, вклучително и Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило. Обезбедени се средства за пречистувачи на 34 училишта. Филтри за компаниите. Секако ова се само дел од активностите што како Влада ги реализираме. Покрај тоа, секоја институција влегува во постапки за замена на неефикасните извори на затоплување“ рече Макрадули.

Како пример, тој го нагласи почетокот на процедурата во МВР, кое покрена постапка во две полициски станици, во Струмица и во Кочани, греењето на нафта да се замени со гас, односно со помош на термални пумпи.

„Покрај јавните институции (градинки, училишта и здравствени установи), како Влада имаме уште една битна компонента во имплементацијата на Планот, а тоа се домаќинствата кои користат огревно дрво за затоплување. Во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започнеме со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. Граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо (зони со ниски емисии), согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими. Сакам да напоменам дека споредбено трошоците за инвертер клими се помали од оние кои е се потребни за греење со дрва“ додаде Макрадули.

Објасни дека вкупни годишни трошоци за греење на површина од 60 м2 изнесуваат: Со инвертер клима 11.734, со дрва 18.586, со нафта за домаќинството 43.038.

„Ова се само дел од активности за намалување на аерозагадувањето кои се комплементарни на низа акции во градот Скопје и другите општини, за кои имаме проекции дека ќе учествуваат во сериозно намалување на степенот на загаденоста на воздухот“ порача Макрадули.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата