Зошто токму Рускоска за Заев е повредна и од злато?

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто токму Рускоска за Заев е повредна и од злато?

Причината за фаворизирањето на Рускоска од страна на режимот на Заев се гледа во нејзиниот пристап кон истрагата за Рекет. На самиот почеток, Рускоска упатуваше повици до бизнисмените кои биле рекетирани од страна на Боки 13 и Катица Јанева да проговорат за притисоците со кои се соочувале. Со денови по апсењето на Боки 13, Рускоска не се симнуваше од екраните, каде ги претставуваше деталите од случајот. Но, како што истрагата наближуваше кон високи претставници на партијата СДСМ, Рускоска исчезна од јавноста, замина на годишен одмор и максимално го одложуваше сослушуањето и притворањето на Катица Јанева, како и сослушувањето на функционери на СДСМ како што се Фросина Ременски и Александар Кирацовски, пишува Република.

Зоран Заев ги користеше услугите на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ и да ја преземе власта, како и да принуди пратеници од опозицискиот состав да гласаат за менување на името. Јанева покрена судски процеси против Елизабета Канческа Милевска, случајот „Труст“ беше насочен против синот на пратеничката Владанка Авировиќ и бизнисменот Сеат Кочан – близок до пратеникот Зеќир Рамчиловиќ. Но, откако моќта на СЈО не беше доволна да ги испорача потребните гласови за „Северна“, Заев мораше да се сврти кон јавното обвинителство, конкретно обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која го создаде случајот 27 април и покрена обвиненија за тероризам против тројца пратеници – Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Во деновите по неуспешниот референдум, со притисоците врз пратениците сепак да гласаат за „новото име“ на државата, јасно се гледаше до кое ниво обвинителството и судството се инструирани и контролирани од страна на извршната власт. Пратениците влегуваа и излегуваа од притвор зависно од текот на преговорите за нивниот глас. По гласањето, пратениците гонети од Рускоска добија амнестија, додека во другите случаи судиите почнаа да судат во полза на обвинетите. Рускоска, сепак, издејствува долги затворски казни за обвинетите кои немаа право на глас во Собранието – меѓу нив поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков за кого беше посочено дека е цел на лична одмазда на премиерот Заев поради истражувањето на неговиот криминал во Струмица.

Благодарение на Рускоска и Јанева, Македонија стана европска држава со најмногу пратеници и опозициски претставници и активисти кои се апсени и гонети од страна на власта. Функцијата Рускоска ја доби како отворено партиски ориентиран обвинител, влегувајќи во обвинителството за организиран криминал како активист на Шарената револуција предводена од СДСМ.

И јас бев дел од граѓаните кои беа страшно разочарани од таквата ситуација. Затоа јас бев дел од шарената револуција, затоа што сметав дека правото и правдата треба да важат подеднакво за сите, и за ситните измамници и за високите политичари, изјави Рускоска во интервју за телевизијата 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13, кого нецела година по разговорот го уапси.

Сепак, како во текот на интервјуто, така и низ прозивки во јавноста, Рускоска беше прашана како тоа има толку ниско мислење за правосудството во Македонија, кога и самата таа беше високо позициониран обвинител со години наназад. Рускоска го водеше случајот „Детонатор“ за обид за мафијашко убиство и измама, потоа „Змиско око“ – масовното апсење на инкасатори на наплатните станици на автопатите поради корупција. Рускоска ја гонеше и групата албански терористи кои го извршија нападот врз Куманово во мај 2015 година – случај кој Заев максимално пропагандно го злоупотребуваше и за кој ширеше разни теории на заговор, за потоа да ја унапреди обвинителката која го водеше процесот и да ја бара за нов специјален јавен обвинител.

Причината за фаворизирањето на Рускоска од страна на режимот на Заев се гледа во нејзиниот пристап кон истрагата за Рекет. На самиот почеток, Рускоска упатуваше повици до бизнисмените кои биле рекетирани од страна на Боки 13 и Катица Јанева да проговорат за притисоците со кои се соочувале. Со денови по апсењето на Боки 13, Рускоска не се симнуваше од екраните, каде ги претставуваше деталите од случајот. Но, како што истрагата наближуваше кон високи претставници на партијата СДСМ, Рускоска исчезна од јавноста, замина на годишен одмор и максимално го одложуваше сослушуањето и притворањето на Катица Јанева, како и сослушувањето на функционери на СДСМ како што се Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Јасна е улогата на Рускоска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност уништуваат докази, но да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина. Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев, но и многу други функционери од СДСМ. Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец, кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев, стои во едно од соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со улогата на Рускоска во „Рекет“.

Извор Република.мк 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата