Весник тема

Досие Гвантанамо за место и луѓе кои - не постојат

29.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Досие Гвантанамо за место и луѓе кои - не постојат

 

Стотици луѓе се затвотени во американската базата Гвантанамо низ 15-те години нејзино функционирање, затвор за секој што е макар сомнителен дека е дел од организиран криминал или некоја теористичка мрежа, без оглед дали имало или немало докази за тоа - тој ќе биде затворен без соодветна постапка, измачуван се додека не признае... без оглед колку е тоа издржано, законски или колку долго ќе трае.

Властите во Куба тврдат американската база Гвантанамо, која е на кубанска земјаа, е  окупирана територија затоа што Вашингтон се повикува на договор за поставување на базата од 1903 година, кога Куба како држава не ни постоела.

Во базата се наоѓа воениот затвор со капацитет од околу 200 затвореници со тоа што овие затвореници се со третман надвор од американските закони и меѓународното право. За најголем дел од нив нема формална одлука за притвор или затвор, немаат право на комуникација со блиските и роднините, немаат право на посета, голем дел се во самици и врз нив се примнеувале присила од секаков вид без процедура, одлука или записник за причините и последиците. Таму се се додека некој не одлучи дека треба да бидат пуштени. Тој некој е ЦИА.

Но, таму се со години испрашувани и осомничени за ситни прекршоци, деца, старци и психички болни кои се наоѓаат меѓу затворениците во најконтроверзниот американски затвор во Куба - Гвантанамо. Ова го откриваат и 759 тајни документи откриени и објавени од Викиликс.

На 9 декември 2014 Сенатот на САД објави извештај дека ЦИА вршела масовни незаконски дејствија, киднапирања и затворања луѓе, измачувања и тортури... како место каде најмасовно се вршело сето тоа, посочено е - Гвантанамо.

Едно од предизборните ветувања на американскиот претседател Обама уште од 2004 година, пред негов прв манадат, а повторено и во 2009 пред вториот мандат - беше укинување на овој затвор, кога тој изјавуваше дека затворот претставува тажен дел од американската историја. Формално, ветувањето не го одржа, но Гвантанамо сепак беше о функција и во 2017 година, како американскаверзија на југословенкиот Голи оток, или руската Колима - траума за правдата во општетсвото која ќе трае засекогаш.

Базата Гвантанамо постои од 1970-те, кога служеше за прифаќање на бегалците од Хаити и Куба; но по терористичкиот напад врз САД на 11.11.2001 Гвантанамо стана воен затвор за она што Бушовата администрација го нарекуваше „војна против тероризмот". Од дваесетмината првопристигнати, за време на десетте години постоење, Гвантанамо стана дом на 800 лица (вклучувајќи и малолетници) од разни земји: В. Британија, Пакистан, Авганистан, Ирак, Босна...

Во Гвантанамо од 2002 година постојано се наоѓаат околу 120-180 заточеници, кон крајот на 2017 година таму беа 55 затвореници. Затвореници под сомневање за терористичко дејствување, или организиран криминал поврзан со тероризмот, а американската влада им ги одзеде сите права, дури и оние гарантирани со Женевската конвенција.

Тоа се луѓе собирани и апсени најчесто со сомневаља за ушество во вооружени акции, перење пари за терористите или нелегални киднапирања, кои се нашле вон секое право, на милост и немилост, без сознание за што се притворени, и до кога затворот ќе трае. Нивниот правен статус е правдан со манипулација во термините: не се признаваат ни како војници ни како воени заробеници, туку како незаконски борци.

Од 2002 г. до денес сликите на затвореници во портокалови униформи, на коленици, заедно со вестите и сведоштвата за измачувањата, самоубиствата и штрајковите со глад ги полнеа весниците, станувајќи дел од глобалната свест, а војната против тероризмот се всели во сечиј дом. Гванатанамо и ЦИА добија американска пресуда за извршена незаконска тортура, но проблемот е познат одмана а во меѓувреме низ таа тортура се уништени стотици луѓе.

Совеста на општеството јавноста ја отвори во 2011 година вашингтонската фондација New America Foundation на 10 јануари одржа панел дискусија на која говореа американскиот конгресмен Џим Моран, британскиот новинар Енди Вортингтон, поранешниот воен обвинител Морис Дејвис и Томас Вајлнер, адвокат кој ги застапуваше затворениците од Гвантанамо.

Конгресменот Џим Моран нагласи дека постоењето на Гвантанамо е проблем од перспектива на националната безбедност, надворешната политика, но и законитоста на целата постапка.

- „Гвантанамо ја поткопува нашата национална безбедност, идеалите кои ја претставуваат Америка и нашиот кредибилитет во целиот свет. Гвантанамо е срам за нашата надворешна политика."

Незаконитоста на овој воен комплекс кој ги фаќа, киднапира, затвора и суди своите заробеници веќе им создаде голема работа на американските судови и претставува предмет на спор меѓу САД и сите меѓународни организации.

Моран вели: „Повеќе не е можно да се држи Гвантанамо под правно законски услови; судиите ги истражија сите можности. И Врховниот суд го кажа своето: дури и овие затвореници мораат да ги имаат правата од Женевската конвенција. А без можноста да го посетат семејството, да се бранат себе си – тоа е очигледна злоупотреба".

Друг проблем е тоа што под закрилата на војната против тероризмот се затворени и многу невини лица кои поминаа години во Гвантанамо, и подоцна беа ослободени без никакво објаснување, извинување или надомест. Земени, употребени и ослобеодени надвор од секоја правна процедура.

- „Многумина од затворените никогаш не требаа да бидат приведени. 86% од апсењата ги изврши Пакистан или другите северни сојузници – врз основа на големите награди што ги понудија САД. Само 8% од нив беа окарактеризирани како борци на Ал Каеда, а 2/3 од нив беа означени само како 'поврзани со терористички организации' – што е недоволно оправдување за да се затворат овие луѓе, неккои од нив цела една деценија", објаснува Моран за структурата на самите затвореници.

Енди Вортингтон, британски новинар кој досега стори најмногу за запознавање на јавноста со лицата затворени во Гвантанамо, е коавтор на документарниот филм „Вон законот: Приказни од Гвантанамо" и е автор на книгата „Документи од Гвантанамо: Приказните на 774 затвореници во американскиот незаконски затвор".

Тој никогаш не го посетил затворот, туку книгата која содржи детален попис на затворениците и нивните случаи ја напишал врз основа на истражувањето и документите на американската војска кои беа објавени преку ВикиликсВортингон почнал да ја пишува книгата, прашувајќи се: „Кој, всушност, се наоѓа во Гвантанамо?'

- „Сè е направено за да се дехуманизираат овие луѓе. Станува збор за чиста пропаганда – луѓето се охрабруваат да веруваат дека во Гвантанамо се наоѓаат терористи, што едноставно не е вистина. Тие се мали пиони во конфликт кој одамна е завршен", вели тој.

За ширењето невистини за затворениците зборуваше и Томас Вајлнер, адвокат кој ги застапуваше затворениците од Гвантанамо во парницата Расул против Буш, како и Бумедиен против Буш: - „Запрепастен сум од тоа колку луѓе не ги знаат фактите – на пример, дека повеќе од половина од затворениците се целосно расветлени случаи кои треба да бидат ослободени, а тие сè уште се наоѓаат в затвор".

Вајлнер заедно со Вортингтон водат кампања наречена „Затворете го Гвантанамо" (Close the Guantanamo), чија цел е да доставува докази за неправдата во овој затвор, како и да ги собере сите заинтересирани за затворање на затворот во обединет и фокусиран фронт.

Слушајќи ги панелистите во New Ameica Foundation, како и бројните припадници на невладините организации во публиката, човек може да си добие впечаток дека Америка уште во 2011 годинае беше подготвена за затворање на Гвантанамо. Сепак, остатокот на САД семта поинаку. Пензионираниот полковник, и поранешен воен обвинител во ГвантанамоМорис Дејвис, кој на должност бил во периодот 2005-2007 г., а заминал од таму затоа што дал отказ поради притисокот и измачувањето на кои биле изложени затворениците со цел да се набават докази против нив.

Тој пластично го прикажа расположението на народот, велејќи дека мнозинството америкаски граѓани денес не го сметаат за проблематичен бројот на смртни казни во Тексас, или методите за изнудување докази кои се применуваат во Гвантанамо.

- „За жал, тоа е позицијата на најмалку една половина Американци", вели тој.

По шокантните сознанија за Гвантанамо пласирани во јавноста - претседателот Обама на крајот од 2011 г. го потпиша спорниот закон – National Defense Authorization Act – со кој во буџетот на Министерството за одбрана сепак се предвидува можност за нови затвореници, додека постоењето на Гвантанамо го продолжува во далечната и неизвесна иднина.

Овој закон предизвика загриженост кај дел од американската јавност бидејќи овозможува затворање на неограничен рок, без обвинение, на сите оние кои се наоѓаат под сомневање за тероризам – дури и ако некоја личност е американски граѓанин и е уапсена на територијата на САД – што длабоко ги минира правата загарантирани со американскиот устав.

Последниве години затворениците во Гвантанамо воглавно се луѓе кои не се државјани на САД, со што американската јавност го губи интересот за тоа што се случува таму.

Досиејата кои се објавени од „Њујорк Тајмс" и „Гардијан", откриваат дека помеѓу таканаречените „лоши меѓу најлошите", многу луѓе се сместени во кафезите на Гвантанамо, и се држат со години врз основа на слаби обвиненија, или пак, врз база на изнудени признанија добиени со огромно физичко и психичко малтретирање.

Документите, класифицирани како „строго доверливо", ги покриваат скоро сите затвореници во кампот кој беше отворен за сегашната намена во 2002 година, во времето на владеењето на Џорџ Буш помладиот. Шест години откако претседателот Барак Обама нареди негово затворање казнениот логор работи непрешено, според американските медиуми тму се 55 затворени лица, според активисти на Викиликс повеќе од 120 затвореници сè уште престојуваат во Гвантанамо.

Помеѓу затворениците се наоѓаат и луѓе оценети како безопасни, како на пример 89-годишен Авганистански селанец, или 14 годишно момче кое било жртва на киднапирање.

Старецот бил транспортиран на Куба за да го испрашуваат за „сомнителни телефонски броеви" најдени кај него, додека 14-годишното момче било затворено во Гвантанамо заради „неговото можно познавање на талибанските локални лидери".

Документите откриваат дека на Гвантанамо шест години бил затворен и новинар на Ал-Џезеира, за да биде испрашуван за арапската новинска мрежа.

Во досиејата се вели дека причините за неговото затварање биле „да обезбеди информации за тренинг програмите на Ал - Џезеира и новинарските мрежи, телекомуникациската опрема и собирањето на вести и информации во Чеченија, Косово и Авганистан, како и за видео кое е прикажувано на мрежата од UBL (Осама бин Ладен) и интервју со UBL".

Според Асошиејтед прес, текст објавен во ноември 2013 година, ЦИА во Гвантанамо измачувала и принудувала, а потоа обучувала терористи, и ги враќала назад во нивните земји да продолжат со активностите како соработници на ЦИА. Иако прогрмата за Гвантанамо како специјален затвор, или логор, е официјлано затворена во 2006 година, ваквите активности продолжуваат се до денес.

Обединетите нации, преку комесарот за човекови права Навантехем Хилеј во април 2013 јавно ги повикаа САД да го затворат, навистина, логорот Гвантанамо. Но, не се случи ништо по тоа барање. Во јануари 2014 година директорот за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, Јанез Ленарич ги повика САД да го затворат Гвантанамо затоа што е тоа место на кое експлицитно се кршат меѓународните закони и човековите права. Ленарчич, во август 2013 година лично го посети Гвантанамо, иако тој нели е затворен уште во 2011 година.

Досиејата за Гвантанамо се помеѓу стотиците илјади документи на САД, за кои војникот Бредли Менинг е затворен и обвинет за шпионажа и други 22 обвиненија, затоа што им ги предал на екпертите од интернет порталот Викиликс. Тие години, заедно со документите за ГвантанамоВикиликс во април 2010 година објави и докуменети за соработка на САД со тероритичките организации, за акција со масовни жртви против цивили во предградие на Багдад, а подоцна и Авганистанскиот дневник, 90.000 докуменети за америаканските акции во Авганистан на граница, или од другата страна на законот...

Војникот Бредли Менинг, разузнавачки аналитичар на американската војска во Ирак кој ги предал документите за сето ова на порталот Викиликс и Џулиен Асанж, беше уапсен во Ирак во мај 2010 година заради шпионажа и оддавање воени тајни. Во август 2013 Менинг е осуден на 35 години затвор.

Џулиен Асанж, австралиски новинар и уредник на порталот Викиликс, е обвинет и гонет од судот во Шведска заради сексуална изнуда на сорабонички. Кога е објавена потерницата Асанж се наоѓал во Лондон, и за да ја избегне испораката по барање на шведските власти, побарал и добил политички азил од амбасадата на Еквадор во Лондон, и во неа престојува од 16 август 2012 година.

Едвард Сноуден, поранешен соработник на ЦИА и американската агенција за државна безбедност, во јуни 2013 година предаде докумнети на Гардијан и Вашингтон пост со докази за незаконски следења и прислушкувања од страна на ЦИА за милиони граѓани во светот, како и за врвни политичари во САД, Германија, Британија, Италија... секако - Блискиот исток, Русија, Кина, Пакистан и Авганистан се дел од тие акции. По објавувањето на докумнетите Сноуден пребега во Хонгконг, доби помош и соработка од Џулиен Асанж и Викиликс, а потоа во август 2013 година доби и политички азил во Русија. Не се враќа во САД затоа што, според него, нема лична сигурност, се плаши од одмазда на ЦИА и нема услови за фер судење.

САД, досега, потрошиле над 5 милијарди долари за издржување и функционирање на Гвантанамо. Секој од заробениците таму го чини американскиот буџет по близу 3 милиони долари. Тоа се големи пари, и голем интерес на многумина да се стекнат со функции, па и профит од постоењето на овој логор. Демократската партија на САД овие бројки ги соопшти во Сенатот во 2012 година, јасно алудирајќи на корупција со компарацијата дека еден затвореник, во најскапите и најстроги затвори во САД ја чини државата околу 70.000 долари годишно, наспроти 2,7 милиони долари трошоци по затвореник кои се плаќаат за Гвантанамо.

По угледот на Гвантанамо има и други слични затвори во светот кои ги контролира ЦИА. Познат е оној во Полска, а нам најблиску ни е затворот Дубрава, во Косово. Германскиот воен полицаец Ханс Рагниц во својата книга "Солдат - воен полицаец на Косово" објавена во 2013 година открива методи за апсење, постапување и измачување во Дубрава еднакви со оние во Гвантанамо.

Од мај 2001 година во Дубрава се носат киднапирани или приведени затвореници, во најголем дел Срби, но и Албанци, кои ги имаат истите портокалови униформи како во Гвантанамо, и еднакво како и на Куба се затвораат без обвинение, процедура или постапка која утврдува причина, основ, време на затворањето и услови за пуштање на слобода. Затворот имал капацитет од околу 60 места. Германскиот весник Штерн вршел истражувања за сведочењата на Ханс Герниц, и ги потврдува истите, со констатација дека германската влада знаела за постоењето на овој логор, но немала право на информации и одлуки во врка со случувањата во него.

На 9 декември 2014 американскиот Сенат го објави извештајот според кој ЦИА врши тотрура, незаконски дејствија, приведувања, киднапирања и затворања на лица... дејствија спротивни на американските закони и меѓународното право. Измачувањата се полоши отколку што за нив се зборува во јавноста, вели Сенатот. Објавен е извештај на 500 страни, сублимат од анализата која е забележана и документирана на 6.700 страни.

ЦИА доживеа демистификација и разбивање, а американската и светска јавност беа шокирани. Америка, со ова, враќа дел од загубениот углед заради ЦИА. Останува да се види дали некој ќе одговара за сето тоа.

На 10 декември 2015, авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави деке е шокиран од извештајот за тортурите кои ЦИА ги вршела во Гвантанамо, помеѓу останатото и врз граѓани на Авганистан. Но, не го спомнува и оспорува затворот Солена јама на ЦИА, во Авганистан.

Истиот ден, два дена по извештајот на американскиот сенат, Полска објави дека нема понатаму да дава поддршка на ЦИА за одржување и активности на нивниот затвор во Старе Кјекути, во Полска кој, според официјлана Варшава, не постои. Иако во исвештајот на Сенатот нема експлицитно спомнување на Полска, во три случаи на тортура кои Сенатот ги објавува и докажува, лицата се третирани во полскиот затвор во период 2002-2003 година, за што има потврда и од Судот за човекови права во Стразбур.

Истиот суд, заради незаконско апсење, држење во затвореништво а подоцна и тотрура, во декември 2012 година донесе пресуда со која Република Македонија се обврзува да плати 60.000 евра обесштетување на германскиот граѓанин со либанско потекло Калед Ел Масри.

Македонија од судот во Стразбур е прогласена за одговорна затоа што, по барање на ЦИА, го притворила (формално - киднапирала) без законско обвинение Ел Масри во период од 31 декември 2003 до 2 мај 2004 година, по што го предала на ЦИА која Ел Масри го транспортирала во специјалниот затвор Солена јама во Авганистан. Подоцна е пуштен, откако се покажало дека киднапирале и држеле во затвор погрешен човек, кој имал само исто име и презиме со некој припадник на Ал Каеда. И врз Ел Масри е вршена спомнатата тортура.

Сенатот ја демаскира ЦИА, и темелот на таа органзиација е разнишан за подолг период. Дали е тоа ерупција на демократија, или борба за превласт со американската агенција за безбеност НСА, која по терористичкиот напад врз САД на 11.09.2001 ги презема главните лостови на разузнавањето и активностите кои, дотогаш, ексклузивно и припаѓаа на ЦИА? Наскоро, и на оваа дилема ќе го добиеме одговорот бидејќи ЦИА не се урива така лесно, а секако дека системот граден со децении во сенка и под чадорот на тајни операции има своја моќ, и свои причини за одговор.       

Vesnik.com

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата