Весник анализа

Моќна, богата и безмилосна - ова е фармацевтската мафија

4.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моќна, богата и безмилосна - ова е фармацевтската мафија

Поранешениот директор на болницата во Париз Некер Филип Вуд, францускиот парламентарен претставник и доктор Бернард Дебре во својата нова книга "4000 корисни, бескорисни и опасни лекови" наведоа дека половина од лековите кои се издаваат на рецепт во Франција се непотребни и целосно неефикасни, а дури пет проценти се и опасни за здравјето на пациентите. Ако е така во Франција, со нивната силна контрола и стандарди, како ли е во Македонија и државите од нашиот регион. Лекарите се, според него, манипулирани од фармацевтите, а шефовите за здравствена заштита се вклучени во таа "фармакомафија" за да добијат што повеќе пари од државата.

Но, сознанијата не доаѓаат само од Франција, д-р Лидија Гајски, хрватски лекар и интернист долго ја истражувала (не) ефикасноста на лековите, како и фармацевтската индустрија и лекарите кои "пумпаат" непотребни лекови, а за возврат се наградени од фирмите кои тие лекови ги продаваат. Во 2009 година, многу пред француските истражувања објавени сега, таа ја објави книгата "Лекови, или приказна за измамените" која е практично со исти резултати како сознанијата со измамите која денес ја објавуваат француските лекари. Гајски објавува нови сознанија за корупција во здравствената заштита, како и за манипулациите со лоши и добри лекови, надрилекарството ...

Спрегата, тајната соработка на фармацевтската, односно медицинската индустрија, аптеките и лекарите е широко применувана заклучува Гајски, може да се каже дека тое е сеприсутно и што е најважно битно влијае не само на организацијата и функционирањето на здравствените системи, туку и на самата концепција на болеста и третманот на болните.

Производителите на лекови денес финансираат значителен дел од истражувањата поврзани со лековите, притоа се ангажираат лекари како советници и промотери на нивните лекови и тие потпишуваат неточни резултати од истражувањата, најчесто со препораки кои се без основ за некој лек, правејќи ја таа обмана на пазарот и пациентите за големи пари.

Фармацевтската индустрија е богата, со многу висока стапка на профит и има големи финансиски резерви за корупција. Веднаш по корумпираните лекари експерти на листата се корумпираните новинари и медиуми кои објавуваат податоци, препораки и наводни експертски мислења за некои лекови за тие да имаат добар прием на пазарот и меѓу пациентите, иако е тоа забрането, и патем најчесто непоткрепено со вистински факти. Линијата на корупција, заклучува истражувањето, завршува со државните службеници кои ваквите лекови ги стават на задолжителната листа во своите здравствени системи, со што им се гарантира соодветна минливост на пазарот.

Корупцијата во фарамцевстската индустрија, вели Гајски, се случува во базата, кај производството и лиценцирањето на лековите како и на високо политичко ниво, таму се носат одлуките дали и што да се произведе, како да се промовира на пазарот и како да влезе во системите на државното здравствено осигурување. Приказните дека фармацевтските фирми ги поткупуваат докторите со спонзорства за стручни усовршувања, подароци за лична употреба и слично се дното на пирамидата, безначаен износ во коруптивниот систем кој платените корумпирани медиуми го истакнуваат за да ја сокријат и маскираат главната слика - поткупување во врвот на здравстевниот систем. Најпосле, самиот лекар може да го препише само она што е дозволено за увоз и продажба и што, препорачано, е на листата на обврзувачки лекови, а за тоа одлучуваат други, а не лекарот во ординација.

Барем педесет години наназад, вели истражувачот Др. Гајски, фармацевтската индустрија се труди да продаде и она што никому не е потребно, истовремено да ги лекува луѓето, и да измисли нови наводни пациенти. Едноставно, фармацевтската индустрија како високопрофитна бара уште пари а пазарот на болни е, сепак, ограничен и затоа нивните експерти и маркетинг соработници решија тој пазар да го прошират - меѓу здравите на кои им се измислуваат дијагнози за да станат купувачи на нивните лекови и квази лекови.

Има повеќе модели за ова. Еден од нив е концептот на фактори на ризик. Холестеролот е фактор на ризик за срцев удар, висок крвен притисок за мозочен удар, шеќерот за откажување на бубрезите и слепило ... Луѓето со покачени вредности на овие параметри одеднаш се прогласуваат за ризични групи од висок степен, им се нудат лекови за идно време - за да се спречи болеста во иднина. Јасно е дека треба да се третираат високиот крвен притисок и шеќерот во крвта; тие се услови кои создаваат непријатности и можни болести, но трикот е пронајден во степенот на опасност. Имено, фармацевтите постигнаа успех во своите намери да го смалат степенот на реален ризик и да обезбедат нови пациенти и купувачи на нивните лекови и квази лекови.

Науката вели дека постои степен, присутност и околности под кои некоја здравствена состојба и тегоба се создале; за вискиот крвен притиок, холестеролот или шеќерот во крвта, а тоа се многу чести појави. Ако науката вели дека степенот на ризик е кога во подолг период овие појави се на примерно индекс 10, и оттука па натаму треба да се употребуваат лекови, фармацевтите се трудеа со години, применувајќи ги сите недозволени средства и методи, и на крај успејаа да ги убедат политичарите и нивните здравствени менаџери почнувајќи од експертите во СЗО (Светска здравстена организација) дека степенот на ризик од 10 треба да се спушти на 3 или 5. Со тоа пазарот на лекови за овие појави се дуплира! Одеднаш, се појавија два или три пати повеќе болни на кои им требаат лекови против холестерол, висок крвен притисок или превентива од шеќерна болест.

Најчист пример е остопорозата! Овоаа номенклатура на болести која денес ја познаваме е воведена во 1994 година, претходно многу денешни "болести" воопшто не се класифицирани. Денес имаме состојба кога болест се одрдедува и според возраста: ако е млад - е здрав, а ако е во педесеттите или постар тогаш - е болен.

Остеопорозата е измислена олест за да се продаваат лекови и разни квази лекови за неа, тврди Др. Гајски. За дозволена вредност на густината на коските, кај жените на пример, земена е вредност која одговара на млада девојка помеѓу 20 и 30 години, се потоа е состојба на болест која треба да се лекува, а за таквото лекување на остеопороза денес секој призводител на лекови има најмалку 10 препарати. Патем тие лекови немаат некое докажано дејство, а имаат нуспојави кои не се така наивни, а за кои медиумите не пишуваат и експертите не нагласуваат. Битно е да се продадат.

И не е само остеопороза, последниве децении се измислени низа дијагнози со третман на болести за кои, нормално, фармацевтите веднаш имаат лек: менопауза, ерективни дисфункции кои ја прославија Вијаграта и сличните квази лекови, Хеликобактери која постојано престојува во желудникот одеднаш стана болест со масовни размери... да не спомнувам колку дијагнози се воведени во психијатријата како биполарна пореметеност, агорафобија и што уште не за кои, веднаш, се даваат лекови кои решаваат проблеми а, во суштина, не решаваат ништо бидејќи нова болест и нема, а лекови имало и порано но, требаат нови за нов профит, и затоа од претходно позанта под друго име се номинира нов вид болест, а боелст станува некоја попатна тешкотија или појава.

Последниве дваесттина години речиси во секоја држава меѓу најпродаваните лекови се - суплементите за се и сешто и - антидепресивите! А ефект од тоа нема, напротив, луѓето се се повеќе депресивни и дезориентирани, иако стилот на живот е посовршен од порано, а медицината напредувала. Работата дојде до таму што и ќелавоста има своја дијагноза и свои лекови.

Ситуацијата е таква, велат долгогодишните истражувања, што за потреби на фармацевтскиот профит се е свртено наопаку: прво ќе се пронајде некој препарат, а потоа се бара нова дијаноза за на препаратот да му се даде стаус на лек и најде намена и примена, и да се добие профит. Најпознат пример е Вијагра, нуспроизвод при истражување на лекови за крвен притисок кој сам по себе не значи ништо, но штом се увидело дека може добро да се продаде измислена е дијагноза за вијаграта: ерективна дисфункција. Појава и тегоба од времен карактер која стана масовна болест.

Познато е и дека големите фармацевстки компании уште денес имаат лекови за низа тешки болести, вклучително и некои видови смртоносен рак, но не се ставаат во промет затоа што ќе им се појави загуба во профитот. Повеќе заработуваат ако болеста се лекува. отколку ако се спречи.

Додека науката, особено фармацевтската и медицинската, беше финансирана и контролирана од државите работите беа чесни и функционални. Имаш болест и бараш лек за неа. Од пред 50-тина години државите, во недостатаок на пари за експерти и истражувања, науката им ја предадоа во рацете на комерцијланите фармацевтски фирми и сега тие, нормално, не го следат јавниот интерес туку потребите на својот профит. Затоа имаме двојно повеќе болести, и пет пати повеќе лекови за нив иако науката, онаа надвор од фармацевтските компании, не го потврдила тоа.

Фармацевтската мафија има поголем обрт отколку мафијата која се занимава со дрога. Во листата на Форбс за 2015 година најголеми фармацевстки компании во светот се: Pfajzer (Pfizer, SAD), Novartis (Novartis, Švajcarska), Sanofi (Sanofi, Francuska), Merk (Merck&Co, SAD), Roše (Roche Holding, Švajcarska), GlaksoSmitKlajn (GlaxoSmithKline, V.B.), Abot (Abbott Laboratories, SAD), Astra Zeneka (AstraZeneca, VB), Amgen (Amgen, SAD), Eli Lili (Eli Lilly & Co, V.B.).

Како што гледате, најголем дел се од САД и Велика Британија иако силни фармацевтски научни центри има и во Русија, Кина или Индија, тие не успеваат од своето знаење да создадат и профит. Барем половина од овие компании последниве 10 години биле под истрага и обвинение за корупција на научници, лекари, државни функционери и медиуми заради незаконски профит преку подмитување за лиценци, ставање на државна листа, лажни промоции на своите лекови.

Комисијата за лекови на САД пресуди дека фирмата Пфајзер во 2012 и 2013 подмитувала најмалку 230 лекари, политичари и експерти во Европа меѓу кои и во Хрватска и Србија, но и во САД. Пфајзер плати 60 милиони долари за да се повлечат овие обвиненија. Истраги и обвиненија од овој вид се водени и за француската компанија Санофи, британската Глаксо, швајцарската Новартис, британската Астра Зенека... против речиси сите од листата најголеми фармацевтски компании во светот. Пресудите биле големи финансиски казни, без лична одговорност.

За богатите фирми од оваа бранша тие пари се попатен трошок, до новите дијагнози, новите лекови и новите профити.

Vesnik.com

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата