Израелската војска втора ноќ по ред гаѓа цели во предградијата на Дамаск

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската војска втора ноќ по ред гаѓа цели во предградијата на Дамаск

-Експлозии се слушаат над Дамаск втора ноќ по ред, изјавуваат  жители на сирискиот главен град, јави САНА, но не соопштува дали има жртви во нападите.

На нападите на израелската авијација одговорила сириската противвоздушна одбрана и притоа биле пресретнати и соборени некои израелски ракети.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, опозициска организација која ја следи граѓанската војна во Сирија, соопшти дека биле погодени складишта за оружје на владините сили и организациите поддржани од Иран, јужно од Дамаск.

Израел многу пати досега напаѓаше цели во сириските области  контролирани од владата во Дамаск, вклучувајќи и напади на аеродромите во главниот град и во Алепо, но ретко ја презема одговорноста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата