Зеленски ќе го чека Путин во Истанбул во четврток,но кој ќе дојде на преговори неизвесно

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски ќе го чека Путин во Истанбул во четврток,но кој ќе дојде на преговори неизвесно

Дипломатската игра на нерви попладнево ја продолжи Кремљ, од каде порачаа дека се подготвуваат за преговорите во Турција, но без да откријат дали Путин или некој друг ќе ја претставува Русија. Портпаролот Песков вели рускиот претседател допрва ќе одлучи кој ќе биде соговорник.

-Русија продолжува да се подготвува за разговорите закажани за четврток во Истанбул, но Кремљ засега нема да коментира за ова прашање. , изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Украинската страна нема дилеми. Претседателот Зеленски би седнал на маса единствено со Путин, а доколку тој не се појави во Истанбул, ќе биде јасен сигнал дека Москва не сака да ја заврши војната.

-Ја потврдувам подготвеноста за директни преговори со Путин. Москва молчи за предлогот за директна средба. Тоа е многу чудна тишина. , изјави володимир Зеленски, претседател на Русија.

На полноќ истече ултиматумот што европските земји ѝ го испорачаа на Русија да одговори дали прифаќа 30-дневно примирје, а дека во спротивно ќе се соочи со санкции. Во позитивен исход во четврток верува и американскиот претседател Трамп, кој остава можност и самиот да присуствува во Истанбул.   

На полноќ истече рокот што европските земји ѝ го дадоа на Русија да одговори на предлогот за триесетдневно примирје, а во случај на неприфаќање, тие се заканија со нови санкции. Кремљ само одговори дека „јазикот на ултиматум не може да се користи“ за дијалог со Русија.

-Можеби ќе добиеме добар резултат од тој четврток во Турција, ... Верувам дека двајцата лидери ќе бидат таму. Размислував да летам. Не знам каде ќе бидам во четврток, имам толку многу состаноци... Но, постои можност, претпоставувам, ако мислам дека нешто може да се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Преговорите во Истанбул би биле продолжение пропаднатите разговори од 2022-та.

Клучни теми на разговор, како што соопшти специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, би биле прашањата за територијалниот статус на регионите под контрола на Русија, нуклеарната централа Запорожје, како и пристапот на Украина до реката Днепар и Црното Море.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата