Нов гол на Роналдо – „торпедо“ од голема далечина, голманот немоќен

18.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов гол на Роналдо – „торпедо“ од голема далечина, голманот немоќен

Кристијано Роналдо вечерва постигна нов гол во дресот на Ал Наср во дуелот со Абха во Саудиска Арабија. Ал Наср се измачи против аутсајдерот но стигна до трите бода со пресврт. Гостите водеа, а домашните изедначија дури во 78 минута. Кристијано Роналдо изведе слободен удар, неговиот шут од далечина заврши во мрежата на противникот.

Во финишот Талиска од пенал ги обезбеди трите бода за Ал Наср, многу важни во трката по титулата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата