Во Ирак е откриена таверна стара 5.000 години, со фрижидер, рерна и остатоци од храна

03.02.2023
Vesnik.com
Во Ирак е откриена таверна стара 5.000 години, со фрижидер, рерна и остатоци од храна

Лагаш бил еден од најстарите и најголемите градови во Месопотамија околу 3.000 п.н.е

Тим американски археолози откриле таверна стара 5.000 години во Ирак со отворена трпезарија и дел од кујната.

Во јужниот антички ирачки град Лагаш, сега познат како Ал-Хиба, откриена е таверна, а во неа се откриени клупи, просторија која служела како фрижидер, фурна и остатоци од стара храна, пишува „Џерусалим пост“.

„Откривањето локација како оваа јавна таверна стара речиси 5.000 години толку блиску до површината е неверојатно. Само прецизно, повеќефазно хоризонтално ископување може да открие што останало“, рекол директорот на проектот за археологија Лагаш и куратор на Одделот за Блискиот Исток во Музејот на Пен, во Филаделфија, Холи Питман.

Директорката за истражување Сара Пицименти, од Универзитетот во Пиза, предложила наместо да се копа директно надолу, тимот да го сменил пристапот,  копале хоризонтално, и на тој начин откриле дека кафулето е само 50 сантиметри под површината.

Како што е наведено, Лагаш бил еден од најстарите и најголемите градови во Месопотамија околу 3.000 п.н.е., кој, поради околните мочуришта и плодното земјиште, бил главен центар за земјоделство и риболов.

Питман и тим од меѓународни истражувачи се вклучени во археолошкиот проект Лагаш веќе четири години. Од почетокот на истражувањето во 2019 година, археолозите пронашле две куќи, патишта, улички, печки за керамика и керамика кои останале недопрени илјадници години. Таа рекла дека жителите на Лагаш не се ниту елити, ниту робови, туку слободни луѓе кои живееле во урбани квартови, што е сосема поинакво од она што научниците претходно мислеле.

„Луѓето тогаш имале слобода, носеа одлуки. Немале  богатство, но главно биле независни и можеа да се движат“, рече Питман. За време на ископувањето, археолошкиот проект Лагаш се работело со локалното население, а во оваа прилика археолозите ги учеле училишните деца и нивните семејства за археологија, покажувајќи им што пронашле и им објасниле за што се користат откриените предмети.

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;