Според лекарите тинејџерите НЕ ТРЕБА да бидат на социјалните мрежи пред да наполнат 16 години

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Според лекарите тинејџерите НЕ ТРЕБА да бидат на социјалните мрежи пред да наполнат 16 години

Откако неколку истражувања ја поврзаа употребата на социјалните мрежи со појавата на депресија кај младите, неколку истакнати американски лекари ја изразија својата загриженост за влијанието на различните социјални платформи врз мозокот и развојот на адолесцентите. Инаку, платформите како ТикТок, Инстаграм и Твитер им овозможуваат на своите корисници да се пријават доколку се постари од 13 години, што според лекарите е прерано.

„Врз основа на податоците што ги видов, би рекол дека 13 е премногу рано и дека таа граница треба да биде помеѓу 16 и 18“, изјави хирургот д-р Вивек Мурти за CNN. „На 13-годишна возраст, децата само формираат мислење за себе, за своите вредности и односи со другите, а често искривената средина на социјалните медиуми нема да им помогне во тоа“.

Тинејџерите, тврди тој, ќе станат премногу чувствителни на критики поради социјалните мрежи, а доколку платформите не ја сменат возраста кога ќе станат достапни за децата, родителите треба да внимаваат да ги заштитат децата барем до 16 години.

Инаку, на почетокот на месецов во списанието JAMA Pediatrics беше објавена студија која вели дека социјалните мрежи го „репрограмираат мозокот на адолесцентите“.

Студијата испитувала вкупно 178 12-годишници од три државни училишта во Северна Каролина, а целта била да се утврди дали нивниот мозок е засегнат од честото проверување на социјалните платформи како Фејсбук, Инстаграм и Снепчет. Според резултатите, децата кои почесто ги проверувале социјалните мрежи покажале поголема нервна чувствителност на одредени делови од нивниот мозок, поради што нивниот мозок со текот на времето станал почувствителен на социјалните последици.

Психијатарот д-р Адријан Стејси, која со години работи со тинејџери, вели дека користењето на социјалните мрежи ослободува „депонија на допамин“ во мозокот.

– Кога правиме работи кои предизвикуваат зависност, како користење на кокаин или паметни телефони, нашиот мозок одеднаш ослободува многу допамин, што ни кажува да продолжиме да го правиме тоа – рече таа. „Тој дел од мозокот е особено активен кај тинејџерите во споредба со возрасните, а со прекумерна потрошувачка на содржини на социјалните мрежи станува уште поактивен и почувствителен.

Неодамнешните студии покажаа дека времето пред екранот може да влијае и на развојот на мозокот, па дури и кај малите деца, прекумерното време пред екранот е значително поврзано со послаби вештини за описменување и способност за користење говорен јазик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата