ЕВН треба што побрзо да се национализира и да се распише меѓународен конкурс за нов оператор кој ќе ги опслужува граѓаните вели за „Што не јасно“ на Алфа, новинарот Драган Павловиќ Латас.
Латас потенцира дека тоа треба да се случи поради најмалку три причини.
Како што рече, првата е тоа што наплаќа поскап транспорт на струја за граѓаните од струјата која што се испорачува, односно дека граѓаните во Македонија плаќаат многу повеќе за струјата да им се донесе отколку тоа што се користи, додека во големи земји оваа ставка е далеку помала.
Во една Италија 25% се зема за транспорт на струја, во Македонија се зема 50 до 60%. Имаше објавено сметка на човек од Кочани, 71.000 денари му е долгот, а 350.000 денари му е транспорт. 430.000 денари треба да им плати на ЕВН. А државата не не штити од ЕВН и не му влегува ни инспекција, изјави Латас.
Латас додаде дека како второ ЕВН може да исклучи струја кога сака, а не плаќа никаква штета, додека во меѓувреме граѓаните не ги користат електронските уреди или пак бизнисите што не може да работат без струја, а користи граѓански ресурси.
Третата причина, како што посочи е тоа што ЕВН не ги исполни обврските на кои се обврза кога дојде во Македонија кога го презеде Електростопанство и тоа е кражба на ЕВ која се брои во стотици милиони евра.
– Кога дојде ЕВН се обврза дека ќе инвестира во реконструкција и технолошко подигнување на електромрежата, а не вложи ништо. Купуваш трансформатор, ако сакаш да ти го уклучат или одржуваат, мораш да го дадеш на ЕВН, им го даваш и земјиштето, а тие го пријавуваат како своја инвестиција, изјави Латас.
Тој нагласи дека ЕВН и должи на државата и граѓаните повеќе отколку што платила кога ја земала фирмата.
Во врска со банките Латас потенцираше дека тие заработуваат милиони односно од 22 милиони заработка на најголемите банки 7 милиони се услуги кои се недефинирани, прават заработка од ништо.
– Во Србија пред 3 месеци имаше бунт и протести, затоа што надвор од банкарските стандарди и законот наплаќаат услуги кои не ги прават. Во Србија тоа го решија, ставија лимити колку можеш да земеш, а кај нас државата не го реши. Затоа што банкарите партиципираат во власта, банкарите купуваат или продаваат хартии од вредност кога на власта ќе и затреба, нагласи Латас.
Тој потенцираа дека власта е профитно клиентелистички здружена со банкарите и ЕВН, а сметката ја плаќаат граѓаните, и додаде дека власта организирано преку тие кои се занимаваат со препродажба на струја се крадат милиони.