Во експлпозија уништен дел на американскиот „Стоунхенџ“

07.07.2022
Vesnik.com
Во експлпозија уништен дел на американскиот „Стоунхенџ“

На контроверзниот споменик откриен во 1980 година се испишани десет напатствија за човештвото на осум светски јазици. Теоретичарите на завери го прогласија споменикот како „Десетте антихристови заповеди“ или „Манифест на новиот светски поредок“.

Споменикот беше вандализиран и претходно, во 2008 и 2014 година кога беше испрскан со боја.

Кети МекКарти која ги истражува теориите на завери, за „Гардијан“ изјави дека уништувањето на споменикот со експлозив е уште еден пример како теориите за завери можат да влијаат врз реалниот живот.

Полициските власти во сојузната држава Џорџија се обидуваат да утврдат што се случило. Експерти за пиротехника се повикани да соберат материјал за вештачење.

Нема осомничени што би биле поврзани со случајот. аб

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;