„Ако партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб, нема да помине францускиот предлог“

22.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ако партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб, нема да помине францускиот предлог“

Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски. ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност.

– Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се истакнува дека помалите партии во Коалицијата треба да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата