Кои се СОВЕТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ: Осудени криминалци, клептомани, измамници, пропаднати пејачки

1.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кои се СОВЕТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ: Осудени криминалци, клептомани, измамници, пропаднати пејачки

Речиси 26 илјади евра месечно или 307 илјади годишно, граѓаните плаќаат за надворешните советници на премиерот Зоран Заев. Платите се движат од 1.500 евра највисоката, но има и такви кои делат ум без пари.

Советувањето на Заев најскапо го наплатува советникот за економски прашања за соработка со земјите од регионот, Зоран Башановиќ. За него во минатото многу е пишувано во српските медиуми.

Србинот во својата земја е познат како естраден менаџер, а естрадните ѕвезди го опишуваат како манипулатор и измамник. Тој кусо време бил и член на Главниот одбор на Српската напредна партија, но од таму бил избркан поради финансиски малверзации. Во фокусот на медиумите тој посебно беше во 2012 година, кога заедно со сопругата Бојана во Мајами биле уапсени за кражба на долна облека и постелнина во износ од 5.000 долари од трговски центар.

На списокот советници на Зоран Заев има и други лица познати по медиумите. Еден од нив е Александар Ружин, кого во јавноста повеќе го познаваат по вестите од естрадата. Советникот за Бенелукс пред неколку години беше во центарот на вниманието кога се проба како јутјубер. Со својата тогашна девојка споделуваа лајф стајл видеа за љубовта, среќата и успехот.

Син е на поранешниот исклучен член ан СДСМ Нано Ружин, македонски амбасадор при НАТО во Брисел. Во тој период синот Алек Ружин се занимавал со трговија на бандаши, гуми и половни автомобили злоупотребувајќи ја можноста дипломати да купуваат под привилегирани данночни цени. По овој скандал на Алек Ружин белгиските власти го сменија законот ставајќи лимит на набавките за потреби на дипломатите.

Младиот Ружин својата популарност пред неколку години најмногу ја стекна кога беше во врска со хрватската поп ѕвезда Антонија Шола и нивната љубовно- заканувачка драма. На неговите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии од скапи автомобили и патувања, но и од луксузни вечерни излегувања. Политичкиот ангажман Ружин го започнува во 2015. година каде тој е забележан на антивладините, шарни протести, а во јавноста се споделуваат и фотографии каде Алекс е во друштво со Заеви.

Меѓу советниците на премиерот е и Љубиша Станковиќ, новинар кој во моментов покрај советничкиот надоместок од 30.000 денари, добива плата и од Телевизија 24. Според неговите објави на социјалните мрежи тој е критичар на поранешната власт, а често знае и да испорача низа навреди кон симпатизери, членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

И новинарот од струмичката телевизија Канал Вис е еден од советниците на Заев, тој е и водител на фолк фестивалот Валандово, за својот ангажман како советник добива 10 илјади денари повеќе од Станковиќ. Меракот на Заев да има советници од музичка дејност не завршува тука, советник му е и некогашната просечна пејачка Цветанка Ласкова.

Еден од советниците на Заев е и Филип Андов познат како Сокол, за кого опозицијата обвини дека постојат и кривични пријави за насилство кои стојат во фиока. Тој е добар пријател со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на Зоолошка, Ѓорги Галетановски. Сокол за својот ангажман добива по 30.000 денари месечно.

50.000 денари месечно за совети добива Мирослав Грчев, кој во последниот период во јавноста беше актуелен околу вработувањето на неговиот син Димитар во ЕЛЕМ. Тој во минатото беше познат како голем критичар на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што и не е ништо особено - она што е типично за него е што со децении тврди дека македонската нација не постои, дека е без корени.

Советник од истиот формат на Заев е и екс-министерот Љубе Бошкоски, осуден за тежок криминал за примање поткуп од 100.000 евра за лобирање при промена на уставното име на Македонија согласно потребите на Грција. Тој е советник за странски инвестиции! Штом е Љубе Бошкоски советник, не чуди дека советник на Заев е и комаднатот на УЧК Џезаир Шакири Хоџа

Назначувањето на поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири – Хоџа за советник на премиерот Зоран Заев, предизвика загриженост и кај Амбасадата на САД во Скопје. Шаќири е вториот советник на Заев по Љубе Бошкоски, кој се наоѓа на листата на санкционирани индивидуи и ентитети од Балканот на американското Министерство за финансии, листа чија што важност за уште една година ја продолжи претседателот Доналд Трамп минатиот јуни.

За плата од 40 илјади денари, совети на Заев му делат и поранешниот пратеник Драгиша Милетиќ, писателот Венко Андоновски, аналитичарот Мерсел Билали, како и довчерашниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.
Меѓу советниците на Заев е поранешниот министер за економија и вицепремиер Фатмир Бесеми, тој за својата помош во областа на економијата добива 50.000 денари секој месец.

Покрај Башановиќ, уште пет од советниците на Заев добиваат 1.000 или повеќе евра месечно.

Од државната каса 1.300 евра месечно се слеваат во џебот на Алиса Дограмаџиева Живановиќ, по 1.200 добиваат Владимир Цветковиќ, Љубомир Шубара и Александар Обрадовиќ, додека доктор Владо Димовски добива 1.000 евра месечно.

Во кабинетот на Заев има трите категории ангажирани советници – соработници.

Посебни советници има 13: 

  1. Тања Чачарова Илиевска, посебен советник за правда;
  2. Дане Талески, посебен советник за надворешни работи;
  3. Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  4. Цвета Ласкова, посебен советник за култура;
  5. Драган Јованов, посебен советник за животна средина и просторно планирање;
  6. Љупка Цветкова, посебен советник за администрација;
  7. Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции;
  8. Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност;
  9. Фидан Колев, посебен советник за транспорт и врски;
  10. Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации;
  11. Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции;
  12. Фатмир Битиќи, посебен советник за спроведување на Рамковниот договор;
  13. Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт.

 

На позиција советник се 10: 

  1. Мила Станемова – Советник за комуникација со министерствата;
  2. Зоран Бојаровски – Советник за медиумски реформи;
  3. Илија Жупановски – Советник за истражувања и анализи;
  4. Весна Коваческа Трпческа – Советник за информативни активности;
  5. Иванна Хаџиевска Кошевалиски – Советник за протоколарни активности;
  6. Олимпија Христова Заевска – Советник за меѓународна економија и развој;
  7. Ивана Јордановска – Советник за соработка со меѓународни организации;
  8. Христијан Ѓоргиевски – Советник за односи со Собрание на РМ и законодавство;
  9. Светлана Сиљјановска – Советник за организација на настани;
  10. Сања Богатиновска – Советник за истражувања и анализи;

 

Во категоријата – Надворешен соработник, премиерот има ангажирано 33 лица: 

  1. Мерсел Биљаљи – Надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи.
  2. Исмет Рамадани – Надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО.
  3. Ванчо Узунов – Надворешен соработник за економски прашања.
  4. Зоран Башановиќ – надворешен соработник за економски прашања.
  5. Александар Обрадовиќ – надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот.
  6. Џезаир Шаќири – Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот.
  7. Фатмир Бесими – Надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст.
  8. Ѓорѓи Калајџиев – Надворешен соработник за комуникации и односи со јавност.
  9. Филип Андов – Надворешен соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.
  10. Владимир Цветковиќ – Надворешен соработник за ИКТ.
  11. Александар Спасов – Надворешен соработник за креирање на јавни политики.
  12. Даниел Димевски – Надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во РМ.
  13. Спасе Додевски – Надворешен соработник за унапредување на образование, здравство и социјална зштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на РМ.
  14. Андреј Манев – Надворешен соработник за урбанистичко планирање и градежништво.
  15. Владо Димовски – Надворешен соработник за економски прашања.
  16. Горан Стаменковски – Надворешен соработник за социјална политика.
  17. Зоран Иванов – Надворешен соработник за градежништво.
  18. Абилгафар Рамадани – Надворешен соработник за странски инвестиции.
  19. Горан Николовски – Надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив.
  20. Митко Андреев – изработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката.
  21. Aљаф Бакхатијар – Надворешен соработник за економски прашања за соработка со Блиски Исток.
  22. Зијад Беќировиќ – Надворешен соработник за економски прашања земји од регионот.
  23. Џелил Ахмед – Надворешен соработник за традицијата, верските и културните идентитети на заедниците во РМ.
  24. Џабир Доко – Надворешен соработник за комуникација со медиуми и односи со јавност.
  25. Љубомир Шубара – Надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции.
  26. Драгиша Милетиќ – Надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците.
  27. Миле Зечевиќ – Надворешен соработник за адвокатски услуги.
  28. Алиса Дограмаџиева Живановиќ – Надворешен соработник за политичко-економски односи на подрачје на САД.
  29. Дејан Николовски – Надворешен соработник за институции меѓу општините и Владата на РМ.
  30. Мирослав Грчев – Надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.
  31. Драган Василевски – Надворешен соработник за одбрана.
  32. Зоран Гавриловски – Надворешен соработник за биро за застапување на РМ пред ЕСЧП.
  33. Силвио Аврамовски – Надворешен соработник за економски Прашања и Зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.

За сите 56 советнци на Заев државата плаќа 305.000 евра годишно, плус даноци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата