Десетина лица починале во Канада овие денови поради големите жештини кои ги рушеле температурните рекорди.
Полицијата во Ванкувер од петокот пријавила повеќе од 130 ненадејни смртни случаи од кои повеќето биле постари или хронично болни.
Рекордните температури во Канада веќе трерт ден по ред се регестрираат а во Литон, Британска Колумбија измерени се 49,5 степени.
Пред оваа недела, живата во термометарот во Канада не поминала 45 степени, пренесува ББЦ.
Многу домови во Британска Колумбија немаат климатизери бидејќи температурите се далеку пониски во текот на летните месеци.
“Во Ванкувер никогаш не било вака топло но за жал десетина луѓе починале поради жештините“, рекол полицискиот началник Стив Едисон.
Климатологот Дејвид Филипс вели дека Канада е втора најстудена и најснежна земја во светот.
“Често сме сведоци на заладување и снежна бура, но не зборуваме така често за жештини како што е оваа“, рекол тој и додал дека Дубаи сега е поладен од Канада.