Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е човек кој не ја разбира својата функција, или ја разбира така дека другите ништо не рзбираат па може како сака да с емајатапи со законот и јавноста.
Последниот бисер му беше дека Струга нема дивоградби и тој не би губел време околу тоа. Сега се надмина себеси со изјавата дека главна насока за зачувување на охридското крајбрежје не се дивоградбите па ни статусот на културно заштитетно подрачје од УНЕСКО – Радожда, на пример, е постара од УНЕСКО и нема што да им се прилагодува!
„Радождани во тоа место се населени пред стотици години кога УНЕСКО не постоело. Да се исели, односно да се избрка, жртвува едно население, мислам дека се паушални напади и не е добро, и за нас како град, но и за населеното место, вели Рамиз Мерко за Утрински брифинг.
Би ги повикал сите институции да не говорат паушално, туку да дојдат на лице место, да установат што е тоа што ја пореметува заштитата на природно и културно наследство, да дојдат во време кога сум во тек со министерот за заштита на човековата околина околу доградба на колекторскиот систем од Елен камен до Радожда, така што се на некој начин ќе биде заштитено“, додава Мерко.
„Ние не зборуваме за тоа дали сме против УНЕСКО. Град на УНЕСКО е Охрид, а целото крајбрежје на Охрид, од Св. Наум до Подмолје и целиот слив на сите села е во Охридско Езеро. Зошто не зборуваме за Љубаништа или Св. Наум, таму кафиќи има и во извори, не само во езера. Зошто не зборуваме за Трпејца, Пештани, Лагадин?
Зошто не зборуваме за Охрид кога цел ред узурпира тротоари, зеленила. Не знам што се запнале за две, три платформи. Нека дојдат, ќе зборуваме, но никако паушално“, вели Мерко.