Ракометарите на Татран Прешов убедливо ја совладаа Војводина во првиот натпревар од осминафиналето на регионалната СЕХА лига. Словачкиот тим славеше со 40:28 на домашен терен, а реваншот е во среда од 16 часот исто така не теренот во Словачка.

Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со Мотор Запорожје од Украина.

Оливер Рабек го предводеше Татран со десет голови, додека Лука Роган со осум гола беше најефикасен кај Војводина.

sportmedia.mk