Во врска со назначувањето на Павлина Црвенковска како Претседател на Судскиот совет, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски посочи дека блискоска со Зоран Заев и поддршката на нејзиното семејство кон СДСМ се очигледни, а таа како човек е донесена за да го штити криминалот на Зоран Заев.

– Истражните органи не се занимават со случаите на криминал, затоа што се блиски до власта, дали зборуваме за Иван Џолев, за Кацарска којашто е блиска до Зоран Заев, дали за Русковска, дали за Јовевски кој слуша насоки од Заев, заклучно со Павлинка Црвенковска, која што била шеф на кабинет на актуелен поранешен премиер којшто бил од СДСМ сегашен преговарач во процесот со Бугарија, ако се погледнат само фотографии на потесното семејство на Павлинка Црвенковска, се гледа дека тие се подржувачи на СДСМ, појасни Арсовски.

Тој е човек кој што е донесен да го чисти криминалот на СДСМ, вклучително и оние луѓе кои се избрани од Академијата за судии и јавни обвинители кои не би требало да бидат таму доколку не би бил Рашковски со софтверот, вели Арсовски.