Премиерот Заев најави дека во Македонија заодлжително ќе се оди во пензија од 64/62 години, без право на избор за пензија до 67 години како што е сега, а притоа не докажа дека има начин да се обезбедат пари за повеќе пензионери во време кога и сега пензискиот фонд не е самоодржлив туку се дополнува од буџетот.

Европа, и Хравстка како нејзин дел, има поинакви планови. Во пензија да се оди подоцна, што е стабилизација на пензискиот фонд и искористување на искуството од вработените на подолг рок.

Возрасната граница за задолжително пензионирање се укинува, па ќе може да се оди на работа по 65-та година од животот, пишува Јутарњи лист.

Хрватското инистерство за труд, според предлогот на Националниот план за закрепнување и издржливост, планира да ја ревидира законската одредба за автоматско прекинување на работниот однос на возраст од 65 години и 15 години пензиски стаж, освен ако работодавачот и работникот не договорат поинаку.

Измените, како што се дознава ќе се вршат постапно, на пример секоја година возраста за пензионирање ќе се зголемува за три месеци, пишува весникот.

На состанокот неделава, за измените и дополнувањата на законот за работни односи имало и радикални предлози за целосно бришење на возрасната граница за автоматско прекинување на работниот однос, што ги изненадило работодавците, но извори од Министерството за труд рекле дека тоа нема да се случи, туку веројатното сценарио е постепено да се зголеми лимитот на 67 или 68 години.

До таа возраст од животот би работеле само оние вработени кои би сакале, а границата би се зголемувала за три месеци годишно.

„Ова е нешто што допрва треба да го договориме со социјалните партнери, а намерата е оние кои го сакаат тоа да можат да останат подолго во светот на работата“, изавиле од министерството. Оваа одредба ќе важи и за приватниот и за јавниот сектор.

Во планот се појаснува дека подолг стаж би значело и зголемување на пензиите за секој месец од подоцнежното одење во пензија, т.н. бонус од 0,34 проценти до максимум 20,4 проценти.

Исто така, ќе се промени и законот за задолжително здравствено осигурување, кој целосно ја наметнува обврската да ги покрие трошоците за боледување на работодавач кој вработува работник кој веќе ги исполнил условите за старосна пензија, како и сите поврзани прописи, пишува Јутарњи лист.