Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави скратениот список од 20 ракометарки на кои ќе смета за бараж двомечот со Романија за пласман на Светското првенство во Шпанија.
За разлика од претходните натпревари, сега на списокот има неколку промени, ги нема голманката Драгана Петковска, крилните ракометарки Теодора Дукоска, Марија Тасевска и Мила Трајковиќ, а новоповикани се голманката Марија Јовновска, десното крило Тамара Ивановска и бекот Моника Јанеска.
Поради повреди ги нема Саздовска и Штериова.
Првиот меч се игра во Букурешт на 17 април (17 часо), а реваншот е четири дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје исто така од 17 часот.
sportmedia.mk