ЖИВ ПЕКОЛ! Поминаа 4 години на брод И НЕ МОЖЕА ДА ГО НАПУШТАТ (ВИДЕО)

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖИВ ПЕКОЛ! Поминаа 4 години на брод И НЕ МОЖЕА ДА ГО НАПУШТАТ (ВИДЕО)

Да си затворен против своја волја е кошмар за многу луѓе, а такво е искуството на петмина морнари кои биле принудени да живеат на танкер со нафта и тоа речиси 4 години, тоа го опишуваат како „жив пекол“.

Кошмарот на морнарите од бродот МТ Иба започна во 2017 година.Тогаш, сопственикот на бродот со тежина од 5.000 тони престанал да го плаќа екипажот, како и да ги плаќа давачките за користење на пристаништето каде што обично се закотвувал.

Поради законските прописи, екипажот не можел да го напушти бродот, а за последен пат бил на брегот на Обединетите Арапски Емирати и оттогаш не го допрел копното.

Морнарите успеале да преживеат само благодарение на добротворна организација која што им носела храна и други основни производи.

Сепак, наскоро екипажот може да го напушти бродот засекогаш, според „Гардијан“. ,

Тие се состанаа со претставници на компанијата Алко Шипинг, на која бродот претходно и припаѓаше, а нејзините нови сопственици, Shark Power Marina, веќе  исплатиле на екипажот околу 70% од исплатите, што е околу 165 илјади долари (135 илјади евра). После тоа, бродот треба да се обезбеди и да се поправи сидрото, кое неодамна било оштетено.

Откако се  ќе биде завршено со овие 5 члена на екипажот ќе можат во март конечно да им се вратат на семејствата.

„Купувачот на бродот вети дека ќе не однесе дома“, рече Наи Вин, 53-годишен инженер од Мјанмар. „Моето семејство е навистина среќно.“ Заедно со Наи Вин, на бродот е уште еден инженер, 52-годишниот Риасат Али од Пакистан како и тројца од Индија, вклучително и готвач.

„Ако сè оди според планот, за 15 дена ќе можат од аеродромот во Дубаи, да летаат за дома дома“, рече Енди Боверман, регионален директор на мисијата на морепловците, која им помага периодов досега.

Тој додаде дека иако екипажот еднаш бил на брегот сепак не биле во можност да останат и морале да се вратат назад на бродот.

За да можат морепловците да се вратат дома без тешкотии, тие мора да имаат соодветни документи. Затоа, амбасадите на нивните матични земји во Обединетите Арапски Емирати исто така се вклучени во нивното спасување, помагајќи во обработката на нови пасоши за петмината.

Исто така, ќе треба да  направат PCR-тестови за ковид-19 пред поаѓање.

Во случај некој од нив да има позитивен резултат, тие ќе одат во задолжителен карантин и подоцна ќе летаат дома.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата