Македонската ракометна репрезентација денеска го игра првиот меч на Светското првенство во Египет, за противник го има тимот на Шведска. Оваа земја носи посебни спомени за капитенот, Кирил Лазаров.

Токму во Египет, но на СП 1999 година, мак-гол машина го запиша првиот гол во дресот на националниот тим и најави дека имаме светла ракометна иднина. До ден-денеска тој наша гордост, на секое големо натпреварување ги „влече сите конци“, без него тешко е да се игра.

„Треба да му се даде поголема шанса на Кире Лазаров. Се докажа во тешки натпревари на Пелистер“, беше коментарот на Златко Калински на овој дуел.

Македонија дебитираше на овој Мундијал, ја совлада Саудиска Арабија со 28-21 за прв триумф.