Тим за вакцинација донел коронавирус во старски дом во Германија

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тим за вакцинација донел коронавирус во старски дом во Германија

Најмалку 51 од вкупно 58 лица се заразиле со коронавирус во дом за стари лица во Лихтфелс, Германија. Според управителот на домот, вирусот најверојатно бил донесен од тимот за вакцинација, кој бил во домот пред неколку дена.

Менаџерот Фабијан Франке посочува дека од воведувањето на обврската сите посетители и вработените во домот да можат да пристапуваат само со негативен тест, немало ниту еден случај на заболен. Франке нагласи дека неколку станари имаат треска, но нивната состојба е стабилна.

Сепак, поголем проблем претставува тоа што се разболеле негувателите, бидејќи од 55 вработени, 33 се на боледување поради коронавирус.

Надлежните здравствени власти на Лихтенфелс ги отфрлија тврдењата дека тимот за вакцинација го внесол коронавирусот во домот. Тие посочуваат дека членовите на тимот носеле заштитно одело и маски FFP2.

Покрај тоа, тие велат дека пренесувањето на коронавирус за време на вакцинацијата е скоро исклучено, бидејќи има само краток контакт со лицето кое се вакцинира.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата