Партијата е над државата: Во Штип партиска прослава со музика, во Вевчани апсење за карневал...

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Партијата е над државата: Во Штип партиска прослава со музика, во Вевчани апсење за карневал...

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ коментира за денешниот настан во Вевчани, кога за време на одржување на Карневалот, полицијата интервенираше и го нападна народот, потсетувајќи дека за време на одржување на локалните избори во Штип истата полиција стоеше настрана додека се пееше и се славеше победата на новиот градоначалник.

- Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.
Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.
Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.
Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…
Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, напиша Мицкоски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата