Со коронавирусот во Македонија се заразиле вкупно 3.201 лица, А ПОЧИНАЛЕ 824

18.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со коронавирусот во Македонија се заразиле вкупно 3.201 лица, А ПОЧИНАЛЕ  824

Нови 594 случаи на Ковид-19 од 2.617 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Во болнички услови починаа три лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г). Оздравени се 162 пациенти.

Од новите случаи на Ковид-19, најголем дел се во Скопје – 303, Струмица – 34, Тетово – 26, Куманово – 22. По што следуваат Прилеп -19, Битола и Кочани по 18, Велес и Кичево по 17, Штип и Гевгелија по 13, Гостивар и Струга по 12, Охрид -10, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Ресен по седум нови случаи, Радовиш – 6, Дебар и Делчево по пет нови случаи, Пробиштип и Неготино – 3, Демир Хисар, Берово, Виница и Свети Николе по два и по еден случај во Пехчево и Кратово.

Од вкупно 162 оздравени пациенти, најмногу има во Скопје-79, Струмица – 12, Штип, Берово, Кочани по 8, Свети Николе – 7, Прилеп и Крива Паланка по 6, Тетово – пет случаи…

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројот на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Од вкупниот број активни случаи – 5.266, во Скопје има 2.515, во Струмица – 357, Тетово -271, Куманово – 214, Прилеп – 209, Кочани – 202…

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

Од скопските општини, најмногу активни случаи со Ковид -19 има во Аеродром – 505, Центар – 433, Карпош – 417, Кисела Вода – 296, Гази Баба – 256, Ѓорче Петров – 198, Чаир – 109, Бутел – 97…

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, како и една мајка суспектна на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19

Надлежните и натаму препорачуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза се носењето маски и одржување физичка дистанца. (МИА)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата