Џод Белингем е „чудото“ на Борусија Дортмунд за кого зборуваат сите. Тој на своето деби со Дуизбург во Купот на Германија, постигна гол, и стана најмлад стрелец во историјата на клубот.

Белингем одигра еден натпревар, и веднаш му скокна цената. Имено, тој од 11 милиони, сега вреди 27 милиони евра. Дали за тоа е „виновен“ голот кој го постигна и настапот, или, пак нешто друго, останува да се види. На тој натпревар со Дуизбург, овој фудбалер беше еден од најдобрите според статистиката.

Белингем дојде од Бирмингем во Дортмунд, и се споменува како иднината на англискиот фудбал.