Колку луѓе навистина живеат во Македонија, и зошто се крие вистинската бројка

13.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колку луѓе навистина живеат во Македонија, и зошто се крие вистинската бројка

Колку луѓе навистина живеат во Македонија? Ние сме веројатно единствена држава во Европа која 18 години немала попис на населението (последниот е од 2002. година), ниту има најави дека наскоро ќе го има. Па, во таква состојба останува само да се проценува - колку луѓе живеат во Македонија.

Порталот Призма објави истражување, повторно со проценки а не со прецизни факти, зад кое стои Тим Џуда, дописник на британски Економист кој работел на други демографски теми.

Според државниот завод за статистика на Македонија ние во 2019-та сме имале околу 2,08 милиони жители. Но, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој ја потпишал оваа бројка, и самиот се сомнева во неа. Според него во Македонија не живеат повеќе од 1,5 милиони граѓани, изјавил Симовски но, “не можам да го докажам тоа“ вели тој. 

Ако се проценките на директорот на Државниот завод за статистика точни тоа значи дека од осамостојувањето во 1991 година до сега Македонија загубила околу 25 проценти од населението бидејќи во 1991 Македонија имала 1,99 милиони жители во државата. Сме загубиле повеќе население и од Босна која три години се соочуваче со жестока војна и масовно иселување.

Оптимистичките проценки на економистите велат дека Македонија има околу 1,7 милиони жители, што би била загуба од осамостојувањето до денес од околу 20-25%, колку што се иселиле од Хрватска и Србија.

Во 2011-та година тогашната влада најави нов попис но, ДУИ го урна процесот, пред се затоа што моделот на пописот преземен од европските стандарди наговестуваше дека во Македонија нема повеќе од 20% Албанци што, за ДУИ беше опсаност дека Албанците не го исполнуваат уставниот услов од Рамковниот договор според кој им следуваат специјални права.

Разликата од реалниот број на жители и она што денес се користи како бројка на население од 2,02 милиони жители настанала, пред се, заради тоа што многу од иселениците не се регистрирале дека се ислелиле и фиктивно се уште се во Македонија. Ова прави големи проблеми во социјланите и економски планирања на државата, како и за време на избори. Државата нема решение за ова, партиските комбинации и договори се над се.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата