Извонредна приказна за УНГАРСКАТА ПАРФЕМСКА ИМПЕРИЈА

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Извонредна приказна за УНГАРСКАТА ПАРФЕМСКА ИМПЕРИЈА

Во првата половина на 20 век, производите за убавина од лабораторијата на Молнар и Мосер беа многу популарни меѓу аристократијата во Будимпешта. Името наскоро стана добро познато во целата земја, но исто така и претпознатливо надвор од границите на државата.

Помеѓу крајот на 1800-тите и почетокот на 1900-тите години, Будимпешта бележеше забрзана еволуција во хигиена и нега за убавина. Сето тоа благодарение на развојот на урбаната инфраструктура и здравствените установи, како и воведувањето медицинските студии. Но, најголем пресврт беа првите трговски објекти, односно она што луѓето можеа да го пронајдат само во аптека, конечно стана достапно во продавниците.

Приказна за еден семеен бизнис

Ако има една компанија за парфеми која ја претстави оваа златна ера на нега за убавина во Унгарија од 20 век, тоа е Лабораторија на Молнар и Мосер (Molnár és Moser Laboratoriuma), основана од Јозеф Молнар и Јанос Мосер во 1889 година.

Нивните производи се правеле целосно во рамките на семејството: „Софистицираниот мирис ја воспостави иднината на нашето семејство“, се вели во семејните мемоари за основачот секој ден одел на обиколка за да ги мириса

Нивните  производи станале екстремно барани од аристократијата во Будимпешта. Молнар и Мосер исто така се првите што експериментирале со дезодоранси, паста за заби и плакнење на устата. Семејниот бизнис подоцна го купил Стефан Барта, кој ја отворил легендарната продавница во 1931 година веднаш до Кароли Градина во централниот дел на Будимпешта, чувајќи го оригиналното име на компанијата.

Барта дотогаш не бил вклучен во бизнисот со парфеми: Тој бил филантроп кој објавил неколку книги под серијалот Библиотека на Малата академија за прашања поврзани со природните науки.

Името Молнар и Мосер подоцна станува добро познато низ целата земја. Следејќи ги сите тие децении на развој и влијание од други земји (особено од Германија), производите наскоро започнале да се продаваат во сите продавници за намирници и сите аптеки низ цела Унгарија.

Блиски односи со Франција

Гледајќи го успехот во бизнисот, семејството Барта започнало да се шири во Будимпешта, со купување на неколку постојни аптеки и догерии во центарот на градот. Овие продавници се наоѓале на познатата улица „Ваци“, улицата „Петофи Сандор“ (каде е и главната продавница), денешниот плоштад Ференциек и Октогон (или, како што се викал тогаш, Плоштадот Мусолини), меѓу многуте други.

Освен нови продавници во Будимпешта, Барта сфатил дека клучот за вистински успех е  да научи како да тргува таму каде што се смета родното место на индустријата за парфеми: Франција. Тој започнал да увезува француски производи и воспостави лблиски врски со Елизабет Арден, која била една од најистакнатите фигури на индустријата во тоа време.

Бизнисот потоа бил предаден на Илона Саблиа, која неодамна објави книга за семејството. Како што таа пишува во своите мемоари, произведителите на парфеми мора да бидат добро образовани луѓе; „Тие треба да имаат длабоко познавање на сите производи во продавницата, […] и за теми како што се унгарската литература и хигиена.“

Илона за брзо стекнала трговски вештини. Меѓу другото, таа научила да чита писмо за слеп и да зборува на германски, француски и англиски јазик. Таа му преведувала нанејзиниот татко за време на преговорите со Елизабет Арден и други деловни партнери во Париз. Како што се сеќава во своите мемоари, Французите биле уверени во работењето со унгарските партнери: „Дури и по избувнувањето на Втората светска војна, вашиот дедо постојано ги плаќаше нашите сметки“.

За жал, приказната за успешниот семеен бизнис дојде до ненадеен крај. Слично на тоа што се случи во другите индустрии, легендарниот бизнис со парфеми беше национализиран во 1949 година, а семејството избега во Канада. Но, има една сребрена обвивка во приказната: постои семејство сигурно во странство, кое сè уште ги чува старите рецепти за овие парфеми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата