Екипата на Мајорка немаше сила да направи подвиг на гостувањето кај Севиља, па така остана во црвената зона и им се смешка враќање во Сегунда. Стрелци на головите за домашната екипа беа Окампос во првото и Ен Несири во второто полувреме. Гостите од Балерските острови имаа солиден настап, сепак, недоволно да се извлече некој бод од „Санчез Писхуан“ каде Севиља ретко дава бодови. А Севиља со оваа победа од 2:0 си го осигура четвртото место и настапот во Лигата на шампионите идната сезона.

Александар Трајковски влезе во игра во 72 минута пред Мајорка да го прими вториот гол.

Мајорка во четвртокот впиша важни бодови против Леванте, сега изгуби, но има уште две шанси за спас. Разликата од сигурните места е три бода, но сега не зависи само од Мајорка туку треба да се чека и киксови на конкурентите.

Мајорка во последните две кола игра со Гранада и со Осасуна, значи нема гигант за противник, а овие мечеви мора да ги добие како знае и умее.