СЕ РАЃА ИНДУСТРИЈА ПОГОЛЕМА ОД APPLE – Бизнисот со канабис во Европа ДРАСТИЧНО РАСТЕ

10.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ РАЃА ИНДУСТРИЈА ПОГОЛЕМА ОД APPLE – Бизнисот со канабис во Европа ДРАСТИЧНО РАСТЕ

Европскиот пазар на канабис од 2028 година ќе вредни 123 милијарди евра, предвидуваат аналитичарите, што е двојно повеќе од минатогодишните приходите на Епл во Европа.

Како што пишува "Гардијан", се создава индустрија во вредност од најмалку 500 милијарди долари, до трилион долари. Иако овие бројки се чинат премногу високи за да бидат вистина, факт е дека марихуаната ја заврши годината како една од најмногу ветувачките инвестиции, пренесува Novac.hr.

Затоа не изненадува што десетина компании веќе имаат пазарна вредност од повеќе од една милијарда долари.

Производителот на Марлборо цигарите - "Altria" за 45% од акциите во компанијата Cronos плати 1,8 милијарди долари, а сопственикот на "Бадвајзер", ABInBev, има инвестирано 50 милиони долари во заедничко вложување со компанијата за производство на канабис "Tilray", со која има намера да развие технологија за пијалоци со марихуана. 

Растот на индустријата, велат експертите, е резултат на многу едноставна економија - многу е поголема побарувачката за канабис и производи кои го содржат, а помала е понудата. Ова е така, дури и во Канада, каде што сите котирани компании и потекнуваат, а каде никогаш немало недостаток дури на рекреативни производители на марихуана. 

- Црниот пазар на канабис не може да влезе на легалниот пазар. Медицинскиот канабис е набљудуван од самиот почеток, од садење до продажба, и регулацијата е многу строга. Ако треба да наберам билка, регулаторот буквално треба да дојде и да гледа како ја берам - објаснува Александра Чонг, извршен директор на "Jacana", компанија која расте медицински канабис.

Но, токму поради таквата строга контрола на понудата, таа е далеку зад побарувачката.

- Пациентите имаат потреба од овој производ и затоа владее голем недостаток во понудата. На Канада и требаа десет години и сè уште не може да го снабди целиот свој пазар со 30 милиони луѓе. Има 48 земји во светот кои легализираа медицински канабис и ние сме многу далеку од задоволување на побарувачката. Легализација се случува многу брзо и лесно и производството тоа не може да го следи - се пожали дека Чонг, која неваедува дека има предност бидејќи нивната марихуана се одгледува во Јамајка, каде што климата е многу поволна за одгледување на овие растенија од една Канада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата