-Нема потреба од преиспитување, каков “Отворен Балкан”, мислам дека “Алмакос” е идеално решение, да не се мачиме веќе…му одговори лидерот на ДПСМ Иван Стоилковиќ на министерот за надворешни Бујар Османи, кој вчера повика на преиспитување на учеството на Македонија во Отворен Балкан, доколку Србија не докаже дека не стои зад инцидентите на Косово.
Алмакос е кратенка за заедница на Албанија, Македонија и Косово.
Бујар Османи вчера повика на излегување од “Отворен Балкан“
– После случувањата на Косово на 24 септември мислам дека Србија треба да направи напори да докаже дека не се вмешани во тој настан бидејќи доколку има какво било државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регионот, бидејќи идејата за „Отворен Балкан“, пред се, беше помирување. И ова што се случи во Северно Косово се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже, навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество – рече Османи во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.