Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ потенцира дека и покрај тоа што постои Лотарија на Македонија, власта формира нова посебна, процес кој се одвива преку Артан Груби, за парите да се слеваат во ДУИ.
„Постојат петнаесетина државни трговски друштва, една од нив е Лотарија на Македонија и нејзината јавно приватна компанија видео лотарија, од која се слеваат во државниот буџет сериозна сума на средства. Промет околу 50 милиона евра, добивка 10 милиони евра и видео лотарија со слични финансиски резултати, вели тој.
„Е сега преку автентично толкување, што е надвор од памет, се формира нова посебна државна лотарија, процес кој се одвива под покровителство на Артан Груби, што ќе значи дека наместо во државниот буџет средства ќе се слеваат во касата на ДУИ, годишно по десетина милиони евра“ истакна Стоиљковиќ.
Тој нагласи дека најчудно што цел ден се води расправа на ЗПК во Собранието да се блокира ваквиот исход, а средствата за јавно информирање си молчат.
– Собранискиот канал не го пренесува овој настан… нека трепне кој не е киднапиран, пишува Стоиљковиќ.