Почнува од почеток судењето за „Таргет-тврдина“

27.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнува од почеток судењето за „Таргет-тврдина“

Од затворот во Струга денес во Основниот кривичен суд Скопје треба да биде спроведен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. За денес е закажано ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој Мијалов е обвинет за масовно прислушување. Овој предмет по пет години судење во Кривичниот суд и во Апелацискиот суд, сега е пред застарување. Динамиката на судењата треба да ја одреди судијата Илија Трпков.

Предметот во повторената постапка ќе го суди судијата Трпков, бидејќи Владимир Туфегџиќ кој во претходната постапка ја донесе пресудата за овој предмет замина од Кривичниот суд.

По денешното рочиште следно е закажано веќе за утре.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата