На почетокот на септември, годинава, во јавноста одекна скандал на државната Клиника за Онкологија откако пациенти се пожалија дека имаат сознанија за тежок криминален систем во кој лекови и цитостатици наместо да им се даваат на пациентите вработени во Онкологија ги продавале како во Македонија, така и на Косово и во Албанија, а на пациентите од Онкологија им се давал обичен физиолошки раствор наместо соодветен лек.
Не е потребно медицинско знаење за да се заклучи дека со ваквиот криминал е придезивикана смрт на неутврден број лица кои би преживеале да имале соодветено лекување, наместо нивните лекови да им се продаваат на црниот пазар. Наксуо, ова не е корупција само за профит, туку корупција која директно предизвикува смрт на некои од пациентите. Кои, и колку, треба да утврди истрагата.
А истрага се отвори “по допрен глас од јавноста“ дури месец дена потоа, и досега нема никакви резултати од истрагата која Јавното обвинителство ја води. Нема ни осомничени, ни притворени ни детали за јавноста да стекне доверба дека нешто, сепак, се работи во обвинитлетсвото.
Се создаде посебна собраниска комисија која треба да го испита случајот, а на повик на собраниската комисија за финансирање и буџет државниот јавен обвинител Љубомир Јовевески откри дека ни два месеци по сканадалот немаат докази за да се делува. Напротив, Јовевски се пожали дека Собранието му врши притисок и дека затоа нема акција против одговорните лица на Онкологија затоа што “така би се стекнал впечаток дека обвинителството делува по притисок на пратениците“.
Ова делува цинично кога се знае колку десетици обвиненија и судења се вршени и вршат под притисок на “невладините организации“ од кампот на СДСМ, и колу притвори Обвинителството барало за луѓе уште пред истрага само заради “допрен глас“.
Јовевски во таа прилика истакна дека одговорност за Онкологија има и Собранието затоа што не носеле закони и законски измени кои би ја спречиле корупцијата!
Кога ова би го кажал некој друг обвинител, особено државен јавен обвинител во друга држава, веројатно би бил разрешен веднаш. Но, не и во Македонија каде обвинителството кое го предводи Љубомир Јовевски има скандалозни 3-4% доверба во јавноста а, од друга страна, од 100 поднесени обвиненија од неговите обвинители дури 97 судот ги пресудува како вина на обвинетите.
Или, праксата последниве години покажува дека судиите и адвокатите се само декор и статисти во судскиот процес, дека крајната пресуда (над 97%) ја донесува обвинителот без оглед на сите околности. А тие обвинители имаат доверба од само 3-4%.
Љубомир Јовевски и неговите обвинители реагираа за злосторствата на Онкологија дури во сепетември годинава, по реакција на десетици пациенти кои се соочиле со наведената корупција, иако уште во април имаше јавно достапен извештај од Државната ревизија дека во Онкологија има криминал. Тој документ, несомено, бил достапен до обвинителите кои не преземале ништо.
Самото тоа покажувува сомневање во Обвинителството дека постапува селективно. Директорите од Онкологија се поставени од овааа власт, која сама по себе важи за најкорумпирана во регионот, и ја уживаат заштитатта на власта и Обвинитекството, се додека не експлодира скандал во јавноста, а потоа случајот или се одолговлекува додека не се заборави, или се пакуваат обвиненија со кои сторителите се третираат на најблаг можен начин и ја избегнуваат казната. Да се потсетиме и на гинекологот од Струга Мухамед Асани кој “на црно“ лекувал кај него дома а ја опреритал истата пациентка во државна Клиника и извадените органи по грешка на Јелдиз Веаповска, осуден условно, а таа хендикепрана доживотно.
Докази за овој организиран систем на корупција има многу: нема истрага и обвинение за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој беше фатен во обид за набавка на кинески вакцини преку посредник за провизија до 5 милиони долари поради што вакцини добивме четири месеци подоцна со стотина смртни случаи во меѓувреме.
Филипче не одговара ни за корупцијата околу (не)изградбата на клиничкиот центар во Штип кој стои во карабина иако беше најавен за употреба за јануари 2019-та година, а плус Македонија плати 5 милиони евра отштета на грчката фирма која го напушти градилиштето. Шема која сега ја гледаме и со автопатот, коридорот 8, кој некогаш треба да го гради, а никогаш нема да го изгради Бехтел и Енка, по што следи нова наплата на “штета“ кон изведувачот на граджените работи.
Кога изби скандал со издавање на над 200 македонски пасоши на нарко дилери и врвни криминалци од регионот обвинителството спакува случај небаре се работи за фалсификување возачки дозволи, и казни од по пар години добија небитни службеници од МВР кои, сами, никако не би можеле да ја спроведат целата таа постапка.
Има дестици вакви примери, од казната шест месеци условно за сообраќајка за Зоки Кичевскиот со смртни последици во време кога тој издржува казна затвор заради учество во поткуп на Катица Јанева и рекет врз бизнисмен, во кој случај се спомнуваа адвокат и неговата сестра судијка кои чудесно беа прескоканати во истрагата и процесот, па се до “обвинението за продолжниот кабел“ во делото пожар во модуларната болница Тетово со 15 загинати за кое дело обвинителството пред ТВ камеери изјави “што да се прави, несреќи се случуваат“.
Дека корупцијата во јавното здравство не е само корупција на алчни поединци, туку дел од коруптивен систем во кој учествува Обвинителоството и извршната власт, е и случајот на државната клиника за Хематологија каде директорка е една од најблиските пријателки на Радмила Шекеринска, Ирена Пановска Ставридис.
Клиниката за Хематологија, која таа ја раководи, распишува тендер од три милиони евра и купува лекови од нејзиниот татко, сопственик на фирмата Пановски. Директорката на Хематологија тоа го објаснува со исказ дека само таткои е единствен добавувач и продавач на такви лекови во Македонија! Накусо, дека има монопол. Според закон, монополот кај нас не е дозволен, особено во област од висок јавен интерес но, за обвнителството и извршната власт корупцијата за нив е највисок јавен интерес. Најпосле, се распишуваат и меѓународни тендери ако домашниот сооздава корупција.
Интереснна забелешка е дека Радмила Шекеринска, министер на СДСМ, беше во прилично блиски односи и со Боки 13 и Катица Јанева додека разменуваа домашни посети, како и со Ирина Пановска Ставридис.
Сите детали, овде се опишани, се само некои од десетиците кои ги гледаме секој ден, укажуваат дека јавното здравство е дел од поширок коруптивен систем во кој е длабоко вклучено обвинителството и извршната власт.
Со години наназад пациенти на Онкологија јавно укажуваа за рекет и корупција од врвот на клиниката за Онкологија па се до помошниот персонал. Во немоќ да предизвикаат заштита преку легалните институции објавуваа податоци преку социјалните мрежи дека се приморувани од директорот Нино Васев да купуваат посочени лекови, дека тој лично решавал кои лекови ќе се применуваат а кои не ако “не се од него одобрени и препорачани“...
Министерот за здравство Меџити во телевизиско интервју информираше дека уште пред два месеца имал состанок во претставник на фирмата која го донела КАТО системот на Клиниката за Онкологија за да се разгледаат можностите за повторно враќање во функција за прецизно следење на патот на терапијата и драстично намалување на можноста од злоупотреби. Според Меџити, поранешниот директор Васев усно, а не писмено, одлучил да не го користи КАТО системот, бидејќи бил скап за користење. Поефтино му било да решава сам, како што решавал.
После сите години укажување за организрана корупција во јавното здравство потврдена и со ревизорски извештаи обвинителството пред два месеци реши да делува “по допрен глас“. Два месеци потоа, нема никаков резултат од истрагата.
Мандатот на државниот обвинител Љубомир Јовевски истекува во декември, и тој очекува или да биде избран за судија во Уставниот суд, или да добие нов мандат. Нема никаква причина да брза со истрагата пред да ја реши сопствената иднина.