Жената која почина пред туристи во Колосеумот, со себе имала 10.000 евра- два месеца го бараат семејството

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жената која почина пред туристи во Колосеумот, со себе имала 10.000 евра- два месеца го бараат семејството

Марија почина на 19 август во Колосеумот додека вршела обиколка. Несреќната жена, која работела како туристичка водичка со децении, едноставно се струполила пред туристите и немало начин да се спаси.

Откако нејзиното тело било однесено, откриено е дека имала 10.000 евра во готово во чантата, а сега, два месеци по нејзината трагична смрт, е откриено дека полицијата успеала да го пронајде семејството на жената и му ги вратиле личните работи на Марија, вклучувајќи ги и парите, на нејзиниот брат.

Проблемот во стапувањето во контакт со семејството бил тоа што Марија (56) по потекло била од Грција и живеела и работела во Италија. На италијанската полиција ѝ биле потребни недели дури и да ги пронајде членовите на нејзиното семејство во Грција, а тоа во голема мера било благодарение на соработката на дипломатските власти.

Братот на Марија пристигнал во Италија само пред неколку дена за да ја идентификува својата сестра и да ги земе нејзините лични работи, вклучувајќи ги и парите. Тој им се заблагодари на карабињерите за сè.

Се верува дека Марија, на која ненадејно ѝ се слоши, починала од прекумерна топлина. По нејзината смрт, Здружението на лиценцирани туристички водичи побара работата на туристичкиот водич да се класифицира како една од најризичните професии.

„Потребна е промена во летниот распоред, особено на археолошките локалитети како што се Колосеумот и Палатинскиот форум“, соопшти здружението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата