Загадениот воздух во Европа убива 1.200 деца годишно

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загадениот воздух во Европа убива 1.200 деца годишно

Неодамнешен извештај на Европската агенција за животна средина (EEA) открива дека загадувањето на воздухот е одговорно за повеќе од 1.200 смртни случаи на деца и тинејџери годишно ширум Европската Унија (ЕУ).

Се проценува дека секоја година во земјите-членки и земјите кои соработуваат, загадувањето на воздухот предизвикува над 1.200 смртни случаи - наведуваат од Европската агенција за животна средина.

Извештајот опфатил 32 земји-членки на ЕЕА, вклучувајќи 27 земји од ЕУ, и земји-соработници како што се Албанија, Србија и Црна Гора. Извештајот не вклучува некои земји со развиена тешка индустрија кои граничат со ЕУ, како што се Велика Британија, Украина и Русија, кои би можеле да го зголемат бројот на жртви.

Според извештајот, над 90 проценти од урбаното население во Европа било изложено на загадување со нивоа кои ги надминуваат стандардите на СЗО за квалитет на воздухот од 2021 година, а 97 проценти од населението било изложени на најштетниот загадувач во воздухот, PM 2,5. Фините честички се примарен предизвикувач на водечките причини за предвремена смрт, срцеви заболувања и мозочен удар, проследени со белодробни заболувања и рак на белите дробови, се наведува во извештајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата