Адриан Симанкас возел кајак со својот татко Дел во заливот Баја Ел Агуила, во близина на светилникот Сан Исидро во теснецот Магелан, кога од водата ненадејно се појавил кит и неколку секунди го проголтал Адриан заедно со неговиот жолт кајак. Потоа го „плукнал“.
Дел, кој бил оддалечен само неколку метри, од досега невидениот настан успеал да го овековечи неверојатниот момент на камера. „Останете мирни, останете смирени“, се слуша како вели тој откако неговиот син излегол од устата на китот. „Мислев дека тоа е крајот“, изјави Адријан за Асошиетед прес. Бев убеден дека ме изеде, дека ме проголта.
Тој додаде дека вистинскиот ужас дошол дури откако излегол на површина, плашејќи се дека огромниот кит може да го повреди татко му или тој да загине во ледената вода. „Кога повторно се појавив и сфатив дека лебдам, ме облеа нов бран на страв - дали нешто ќе се случи со татко ми, дали ќе стигнеме до брегот навреме, дали ќе добијам хипотермија? - се присети Адријан. Неколку моменти подоцна успеал да доплива до кајакот на неговиот татко. И покрај шокот, и двајцата безбедно се вратија на брегот, неповредени.