Зголемувањето на продажбата доаѓа во пресрет на Денот на знамето на 15 февруари, кој ја одбележува 60-годишнината од канадското знаме. „Тоа е директен одговор“ Мет Скип, косопственик на „Flags Unlimited“ во Бари, северно од Торонто, го припишува порастот на побарувачката на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за канадскиот суверенитет.
„Тоа е директен одговор на политичката клима и Канаѓаните кои се собираат зад нивното знаме како симбол на единство“, рече тој. Канадските политичари ги повикаа граѓаните да веат национални знамиња овој месец како демонстрација на единство и национална гордост.