„Вкус што обединува“ - саем на македонска традиционална храна

15.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Вкус што обединува“ - саем на македонска традиционална храна

Настанот е посветен на автентичните домашни вкусови и е поддршка на локалните производители. 

-Љубителите на македонската кујна ќе имаат можност да уживаат во најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје, вино и ракија. Ова е шанса да ги откриете богатите ароми и традиционалните рецепти што ги носат корените на нашите рурални заедници. Саемот не е само изложба, туку и порака за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, како и вистинска можност да дознаете повеќе за значењето на локалната храна, соопшти организаторот. 

Саемот организиран од Националната федерација на фармери и Скопје сити мол  е дел од манифестацијата „City Bazar“. Поддржан е од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата