Фотографиите и видеата објавени на интернет во текот на викендот прикажуваат крокодил како нурка во базенот на луксузен хотел во североисточна Австралија, додека гостите се релаксираат на сонце само на неколку метри оддалеченост.
Видео објавено на TikTok го прикажува младиот крокодил како лежи на дното од базенот во хотелот Sheraton Grand Mirage Resort во Порт Даглас.
Во позадина, може да се слушне корисничката што го создала и објавила видеото, Лиса Келер, како вели: „Не сакам никого да вознемирувам, но има крокодил во базенот Sheraton“.
Потоа таа се приближува до базенот и ги снима туристите, гостите на хотелот, како се сончаат и се релаксираат на лежалки околу базенот. „Се чини дека никој не се грижи“, додава таа.
@kellerdiaries Only in fnq
♬ original sound - LISA KELLER 🌺 TRAVEL + UGC