Успешно летно искачување на Титов Врв и покрај силен ветер

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Успешно летно искачување на Титов Врв и покрај силен ветер

 Од Попова Шапка кон највисокиот врв на Шар Планина, групата планинари се движеа по Вакуфска патека.

- И покрај временските услови коишто не беа во целост наклонети, сепак успеавме да се искачиме до врвот. Имаше ветер којшто се движеше со брзина од 40 до 50 километри на час. Но, како и да е, времето се задржа суво и топло и целата група успешно се искачи и се врати до целта на Попова Шапка, изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК Тетекс.

Освен планинарите од Тетово, учествуваат и луѓе од клубови од градови низ целата држава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата