Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел изјави дека Агенцијата очекува пад од најмалку 20 проценти во глобалното финансирање за хуманитарни и долгорочни програми за деца и семејства.
Таа предупреди дека намаленото финансирање може да доведе до помалку вакцини, полоша медицинска грижа и прекини во образованието, што би можело да ги дестабилизира земјите и да ја зголеми веројатноста за конфликт.
Во студија објавена во медицинското списание „Лансет“ се наведува дека намалувањата на финансирањето на УСАИД би можело да резултираат со повеќе од 14 милиони дополнителни смртни случаи во текот на следните пет години, вклучувајќи околу пет милиони деца под петгодишна возраст.
Американскиот државен секретар Марко Рубио во јули го објави официјалниот крај на странската помош преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
УСАИД е една од најголемите хуманитарни организации во светот која водеше бројни програми низ целиот свет – од помош за борба против ХИВ/СИДА до обнова по конфликти.
Германија, исто така, го намали буџетот за помош за развој, како дел од мерките за штедење.
Во декември 2024 година, УНИЦЕФ објави дека во 2025 година ќе му бидат потребни околу 9,9 милијарди долари за итна помош за 109 милиони деца во 146 земји погодени од конфликти и кризи.