Рибарот го споделил морничавото откритие на Фејсбук, каде што објавата станала вирална, а корисниците на социјалните мрежи коментирале и шпекулирале што точно бил предметот во стомакот на рибата, објавува Дејли Стар.
Објавата била напишана со наслов: „Одев на риболов и фатив голема риба, се вратив дома и ја исчистив, но бев шокиран кога го најдов ова во нејзиниот стомак. Дали е ова рака на животно?“
Некои корисници забележале парчиња крзно на раката, што сугерира дека рибата можеби ја проголтала раката на мал вид мајмун.
Оригиналната објава на социјалните мрежи е објавена од сметка во Малезија, но рибата наводно била фатена во Сунгаи Кубу, Индонезија.
Еден корисник додал: „Како скапана рака на мајмун“. Друг рекол: „Рака на мајмун - нејзиниот палец е различен од човечкиот“.
Некои мислеле дека раката е нешто многу позлокобно од онаа на мајмун. Еден суеверен корисник напиша: „Раката на водниот дух...“