Комодовиот премин им овозможувал на императорите да влезат во арената и да гледаат гладијаторски борби и други спектакли без да се мешаат со „обичните луѓе“ т.е. своите поданици. Се верува дека тајната патека била ископана низ темелите на Колосеумот во 2 век, како додаток на првичниот дизајн. Колосеумот бил отворен во 80. година н.е. Археологот Барбара Назаро изјави дека преминот сега е отворен за јавноста по првпат.
- Посетителите ќе можат да одат по истата патека по којашто некогаш одел самиот император. Коридорот е откриен во 19. век и потоа е наречен по Комод, бидејќи историските хроники велат дека тој преживеал обид за атентат во тој подземен премин. Беше многу лесно да се воспостави врската, изјави Назаро, која ја надгледувала реставрацијата на преминот, пред отворањето за јавноста.
Преминот некогаш имал мермерни ѕидови, коишто сега се заменети со гипс украсен со пејзажи, се вели во соопштението на италијанскиот Археолошки парк Колосеум. Исто така, има и сцени со митолошки мотиви на сводот и прикази на борби во арени. Некои траги од декорацијата се зачувани, но многу влажните услови во подземниот премин го отежнале зачувувањето. И покрај сѐ ова, како што рече Назаро, посетителите ќе можат да добијат претстава како изгледал преминот во антиката, благодарение на виртуелната реконструкција прикажана во видео.