Секој го знае непишаното правило - само невестата може да носи бел фустан. Но, на свадбата на Џослин и нејзиниот сопруг, мајката на младоженецот беше таа што одлучи да го игнорира тоа правило.
„Не бев среќна кога ја видов“
Џослин изјави за Newsweek како била непријатно изненадена од глетката: „Ни го покажа фустанот една недела претходно и на таа светлина изгледаше како златен, сјаен фустан. Сепак, на дневна светлина изгледаше сосема поинаку - повеќе како бел или кремаст фустан со чипка и светки“.
Таа сподели фотографија од свадбата, на која позира со својот сопруг и свекрвата (чие лице го крие), на TikTok. Додека невестата носеше романтична венчаница со отворени рамена, свекрвата пристигна во фустан кој изгледаше речиси исто толку бел.
Објавата брзо стана вирална – собра повеќе од 619.000 прегледи и речиси 45.000 лајкови.
@jocelynm001 Wasn’t surprised that the person that keeps my husbands EX around wore white to our wedding #MIL #wedding #weddingfail #inlawproblems #fyp ♬ original sound - Alex and Jon
Затегнати односи во семејството
Невестата тврди дека го сфатила проблемот дури по церемонијата, кога гостите дошле да ѝ честитаат. „Додека одев кон олтарот и за време на самата церемонија, бев фокусирана на мојот сопруг. Дури подоцна, кога луѓето нè прегрнуваа, забележав дека фустанот изгледа бел“, рекла таа.
Додаде дека сепак имала нарушен однос со нејзината свекрва. „Нашата врска е затегната четири години, а особено ме повреди тоа што таа продолжи да има контакт со поранешната девојка на мојот сопруг“, објаснила Џослин.
По свадбата и враќањето од медениот месец, тие се обиделе да разговараат со неа, но работите не завршиле како што очекувала. „Поради целата ситуација, мојот сопруг се дистанцира од своето семејство, а тие решија да ги прескокнат и нашите прослави. Заради моето здравје и здравјето на детето, решив целосно да се дистанцирам од нив“, рече идната мајка, која очекува девојче во декември.
Реакции на интернет
Нејзиното видео генерираше речиси 800 коментари. „Зошто воопшто се сликаше со неа?“, праша еден корисник. Друг напиша: „Оддалечи се што е можно подалеку од неа. Верувај ми.“
Трет додаде: „Секогаш се прашувам зошто некој, особено мајките, го прават ова.“