Сите верувале дека бебето е грабнато, а тогаш дошло до шокантен пресврт- родителите се појавиле на ТВ и лажеле

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите верувале дека бебето е грабнато, а тогаш дошло до шокантен пресврт- родителите се појавиле на ТВ и лажеле

Џејк Харо, 32, и Ребека Харо, 41, се појавија вчера на суд, обвинети за убиство и поднесување лажна полициска пријава.

Родителите се обвинети дека лажеле за исчезнувањето на нивниот седуммесечен син, Емануел, откако излегле на телевизија да ги замолат локалните жители за помош во пронаоѓањето на нивното дете.

Ребека тврдела дека била нападната одзади пред продавница на 14 август.

Таа им кажала на полицајците дека се разбудила со модринка на окото и дека не се сеќавала што се случило пред да сфати дека нејзиниот син е исчезнат. Сепак, недоследностите во нејзината приказна ја навеле полицијата да заклучи дека немало киднапирање на бебето. Наместо тоа, канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино верува дека малиот Емануел е мртов.

Судските документи што ги видел медиумот сугерираат дека Емануел можеби бил мртов дури девет дена пред неговата мајка да тврди дека е киднапиран.

Според сведоците, Ребека била видена во продавницата каде што, според неа, момчето било киднапирано неколку дена пред да биде пријавено како исчезнато.

Обвинителите, исто така, фрлаат сомнеж врз нивната приказна откако сведоците изјавија дека ја виделе Ребека со модринка денот пред наводниот напад.

Двојката е уапсена во нивниот дом во петокот наутро. Ребека, сепак, продолжува да инсистира дека ја кажува вистината за својот син и сака да биде ослободена за да може да продолжи да го бара.

Таа, исто така, рече дека има одличен однос со својот сопруг и дека тој е одличен татко.

Телото на момчето сè уште не е пронајдено, а полицијата продолжува да истражува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата