Повеќе од 300 дабови столбови, кои биле закопани во подземни води, се откриени за време на градежните работи, објавува Swissinfo.
Вработените во Бернската кантонска археолошка служба зедоа примероци од столбовите за лабораториска анализа, а бројни предмети што биле фрлени од мостот беа пронајдени и во поранешното корито на реката, објавија денес кантонските власти. Меѓу пронајдените предмети беа шајки за чевли, рибарски трозабец, монети, клучеви, објавува Swissinfo.
Откритијата би можеле да дадат важен увид во секојдневниот живот на античките Римјани, велат археолозите.
Анализата покажала дека столбовите на мостот често биле поправувани или обновувани. Првата верзија на мостот е изградена околу 40 година п.н.е., кратко откако Римјаните го освоиле келтскиот регион Хелветија, додека најмладите делови од мостот датираат од околу 369 година од н.е., што значи дека структурата била во употреба повеќе од 400 години. Мостот се наоѓал на важна раскрсница на водни патишта и копнени патишта и бил дел од римската Јура трансверзала, која ги поврзувала важните градови во тоа време, велат археолозите.