Седнала во авион покрај прозорец и се смрзнала во истиот момент- патниците во паника (ВИДЕО)

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седнала во авион покрај прозорец и се смрзнала во истиот момент- патниците во паника (ВИДЕО)

Ана Савин (39), која живее во Лондон, се сместувала на своето седиште, подготвувајќи се за лет до романскиот град Бакау, кога забележала нешто чудно на прозорецот.

„Не добивме објаснување“

Ана тврди дека видела пукнатини во прозорецот, во редот зад нејзиното седиште, и дека стаклото било привремено поправено со леплива лента. Таа додава дека бизарната ситуација предизвикала паника кај некои патници.

„Персоналот рече дека станува збор за технички проблем во кабината, што го предизвикало доцнењето. Прозорецот веќе бил испукан кога се качивме, па не е јасно што се случило, а не добивме никакво објаснување“, рече таа.

Ана ја снимила необичната сцена во авионот, а видеото стана вирално на социјалните мрежи, објави Дејли Меил.

Официјална изјава на компанијата

Портпаролот на „Виз Ер“ подоцна издаде официјална изјава, која ја објавија странските медиуми:

„Безбедноста на патниците, екипажот и авионите е наш врвен приоритет. Иако сцената може да изгледа вознемирувачка, прозорците на авионите се направени од повеќе слоеви од безбедносни причини. Внатрешниот слој има само декоративна функција, додека надворешните слоеви се направени од специјален материјал. Оштетениот слој што се гледа на видеото не ја загрози безбедноста на патниците или авионот. Беше заменет истиот ден.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата